ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Тетово сака парк“: Во овој случај фирмата се јавува како донатор, а не како иницијатор

November 1, 2023 14:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
фото: ТСП

фото: ТСП

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ испрати допис до медиумите со реакција на информациите споделени од Општина Тетово дека приватна фирма сака да донира средства со кои ќе се плати изработката на четири детални урбанистички планови. Тие посочуваат дека фирма може да биде иницијатор, а не донатор.

– Законската регулатива и онака е матна во овој контекст, и дозволува иницијатор за промена на урбанистички план да биде кое било заинтересирано правно или физичко лице, кое по прифаќањето на иницијативата од страна на Општината, се обврзува да ја финансира и изработката на планот за кој тоа лице поднело иницијатива. Но, во овој случај фирмата се јавува како донатор, а не како иницијатор. Претседателот на Советот, г. Бесар Дурмиши, изјавил за медиумите дека не го знае точно мотивот на фирмата за давање на ваква донација, но претпоставил дека тоа е во знак на благодарност кон Општината, бидејќи во минатото Општината на некои фирми им завршувала работа, додека на други не. Понатаму, Дурмиши изјавил дека „Збукурими“ ќе гради на друго место, не во делот за каде ја финансира изработката на плановите, велат во дописот од „Тетово сака парк“.

Од таму велат дека произлегуваат неколку прашања до г. Дурмиши, до членовите на Советот на Општина Тетово и до општинските служби.

– Дали „Збукурими“ се оддолжува за нешто на Општината? Што подразбира Дурмиши кога вели дека Општината „завршува“ работа, па фирмата е благодарна? Општината е должна да постапи согласно закон во сите управни постапки и процеси, и во таа смисла секое „завршување“ на работа кое повлекува посебна благодарност може да се смета како издавање од Општината некаков документ (одобрение, дозвола и др.) незаконски. Не мисли ли Дурмиши дека „Збукурими“ ја подмитува Општината на овој начин? Како претседавач на Совет на Општина е запознаен кој каде ќе гради во иднина, кога тоа не е во негова надлежност? Во колку предмети со Општина Тетово во моментов една од страните е фирмата „Збукурими“?, стои во соопштението од граѓанската иницијатива.

Поради основани индиции дека ваквите донации претставуваат коруптивно поведение, од „Тетово сака парк“ велат дека наредниот период ќе поднесат претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Tags: Општина ТетовореакцијаТетово сака парк
Next Post

Фон дер Лајен: БиХ треба да биде дел од ЕУ, но тоа не е можно без реформи

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Photo / the Greek Orthodox Patriarchate

Израелската опозиција ја нарече „катастрофа“ одлуката на кабинетот за Газа

August 8, 2025

Македонски тим од ФЕИТ со награда за најдобар научен труд за модел на ВИ на македонски јазик на конференција во Виена

August 8, 2025

Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан

August 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • OpenAI го претстави GPT‑5, достапен за сите корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk