ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Грковска – Рокгаку: Проценката на ризиците од корупција и јакнењето на интегритетот се клучни во превенцијата на корупцијата

November 3, 2023 12:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во рамки на работната посета на Атина, Република Грција, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работен состанок со директорката на Националната Агенција за транспарентност, Александра Рокгаку.

Националната Агенција за транспарентност, која е главно антикорупциско тело во системот на Грција, се фокусира на детекција, превенција и јакнење на свесноста за корупцијата. На состанокот се разговараше за механизмите со кои се обезбедува поголема соработка и посветеност на институциите во имплементацијата на Националниот антикорупциски план, како и за имплементација на ревизиските препораки.

Вицепремиерката Грковска истакна дека само преку силни механизми и соодветни казни може да се обезбеди ефикасност во справувањето со корупцијата. Во таа насока, директорката Рокгаку нагласи дека Агенцијата посветува посебно внимание на менаџирањето на ризиците од корупција, како и на јакнење на интегритетот, што е клучно во делот на превенцијата.

Соговорничките разменија искуства и во однос на политиките за подароци за носителите на функции, имајќи го предвид фактот дека Кабинетот за политики за добро владеење работи на подготовка на Насоки за пријавување подароци, кои се очекува да бидат усвоени во наредниот период. Истовремено, посебен интерес беше искажан за обуките за почитување на Кодексот за етичко однесување на членовите на владата и јавните функционери избрани и именувани од страна на Владата, кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење.

Вицепремиерката Грковска ѝ се заблагодари на  Рокгаку за нејзиниот придонес при формирањето на Форумот на Југоисточна Европа на жени лидерки за добро владеење и антикорупција. Форумот, кој беше формиран на иницијатива на вицепремиерката Грковска е важна платформа за размена на искуства, идеи и знаења на жените од регионот кои активно се вклучени во превенирањето и справувањето со корупцијата.

Директорката Рокгаку ја искористи можноста на денешниот состанок за формално, преку потпишување на Декларацијата да се приклучи на Форумот. Двете соговорнички се согласија дека ваквата комуникација е значајна поддршка за сите жени од регионот кои работат во оваа област и дека е неопходно во наредниот период таа да се интензивира.

Tags: ГрковскакорупцијаРокгаку
Next Post

(ФОТО) Жестоки руски напади со дронови на Харкив: Повредени осум лица, изгаснат голем пожар во градот

Shortcut

Најново

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk