ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Последен протест „Србија против насилството“ во овој формат со порака до граѓаните: Немојте да го преспиете 17 декември

November 4, 2023 21:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН

Вечерва во Белград пред Собранието на Србија се одржа уште еден 27-ми по ред протест „Србија против насилството“, а колона граѓани тргна по таканаречената „медиумска рута“ до зградата на РТС. Тоа беше и последен протест во ваков формат, објави N1.

Време е да ја искористиме шансата и да смениме нешто на 17 декември и да покажеме дека ниту една жртва не е залудна, порача модераторот Смиљан Бањац од вечерашниот собир „Србија против насилството“.

Тој рече дека на евентуалната кражба на гласови ќе се реагира како во 1996 и 2000 година, бидејќи „Србија лесно се бунтува и се буди и сака да живее во слобода и мир“.

„Се изборивме за вонредни избори, проевропската опозиција се обедини на една листа. Немојте да го преспиете 17 декември“, им порача Бањац на граѓаните.

Тој додаде дека граѓаните шест месеци споделуваат гнев, тага и страв поради трагедиите што се случија, а се осврна и на масовните убиства во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и кај Младеновац.

„Исто така, ја споделуваме надежта дека нешто може да се промени на крајот на оваа година. Успеавме да ги ослободиме луѓето од страв, не само во Белград, каде што е вообичаено, туку и на многу места каде што никогаш немало протестни прошетки“, рече Бањац.

Организаторите сметаат дека е потребна поинаква организација и веќе нема да има вакви редовни собири во Белград.

По говорот на модераторот на протестот започна протестен марш кон РЕМ и РТС на чело со голем транспарент „Србија против насилството“, а учесниците кога застанаа пред РЕМ извикуваа „Оставки, оставки“.

Проевропските опозициски партии, кои се организатори на протестите, пред неколку дена потпишаа коалициски договор за заедничко учество на изборите со листата „Србија против насилството“.

Парламентарните и локалните избори се закажани за 17 декември.

Г. Т.

Tags: БелградизборипоракапротестСрбија против насилство
Next Post

(ВИДЕО) Масовни пропалестински протести низ европските метрополи: Примирје веднаш

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk