ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Мишел повика на промени на составот на Советот за безбедност на ОН

November 6, 2023 20:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Шарл Мишел

Шарл Мишел

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска, на годишната конференција во Брисел на амбасадорите на ЕУ ширум светот, повика на промени во составот на Советот за безбедност на ОН, за воздржана европска дипломатија и можноста ЕУ да биде подготвена за проширување во 2030 година, јави МИА.

„ОН прават извонредни напори, но потребни се промени поради злоупотребата на правото на вето во Советот за безбедност. Неопходна е промена на составот на Советот за безбедност, тоа е единствениот начин тој повторно да функционира“, рече Мишел.

Во однос на проширувањето на ЕУ, тој посочи дека во декември Европскиот совет треба да донесе политички одлуки. „Не е само да сакаме ЕУ да биде поголема, тоа не би било доволно. Европа мора да биде помоќна и со поголемо влијание“, истакна Мишел.

„Мислам дека процесот на проширување треба да ги следи сопствените заслуги на поединечните земји. Има и геополитичка димензија, уште повеќе по рускиот напад на Украина. Потребен е попостепен процес за да им се овозможи на земјите кои преговараат за пристапување побрзо да се чувствуваат поблиску до ЕУ. Останувам на ставот дека нашата цел треба да биде овие земји да бидат подготвени за пристап до 2030 година, тоа ќе има дисциплинирачки ефект и врз кандидатите и врз ЕУ, рече претседателот на Европскиот совет.

Што се однесува до конфликтот на Блискиот Исток, тој смета дека „решението не е во продолжување на теророт“. „Како што се влошува ситуацијата, така се намалува можноста за постигнување траен мир“, рече Мишел.

Според него, решението е во мирни преговори за одвојување на две држави на Израелците и Палестинците, а ЕУ, како што рече, ќе продолжи да го поддржува овој пристап.

„Подготвени сме да поттикнеме свикување мировна конференција. Ако Израелците и Палестинците сакаат да коегзистираат мирно, нема друг начин“, заклучи тој.

Tags: МишелпроменаСБ на ОНсостав
Next Post

Фрчкоски за ЦИВИЛ Медиа: Во најтврдата македонска историја има линии на граѓанствена модерност и уставен патриотизам

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk