Во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, се посочува дека земјата постигна добар напредок со одржување на целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
– Постигнат е добар напредок со одржување на целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Со тоа, Северна Македонија се покажа како доверлив партнер, вклучително и на меѓународно ниво. Во однос на регионалната соработка, земјата одржува добри односи со другите земји од проширувањето и продолжи да се ангажира во регионалните иницијативи. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, се додава во Извештајот.