ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Празни ветувања и последици

November 8, 2023 11:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ   

Една од најважните работи за локалните самоуправи, а тоа го има во секоја jавна етика за „осмоодделенци“: не смеете граѓаните да ги оставите без одговор, а ароганцијата и нетрпеливоста мора да се изместат од вообичаеното однесување. Локалните самоуправи се места во кои се организира секојдневниот живот на граѓаните. И ништо повеќе и ништо помалку.

Локал-патриотизмот, пак, е ништо друго освен простор за „здрава конкуренција“ која треба да го подигнува стандардот на граѓаните, а не да го снижува или потценува. Едно од таквите потценувања, за кое сведочиме овие денови, погодувате и сами: Христијан Мицкоски дели милиони евра на ресенчани, прилепчани, битолчани… Ама не сега, оти сега е само лидер на партија, ами кога ќе станел премиер „на сите граѓани“. Јак, виц, од срце се насмеав.

Па, добро, прво си велам, нели е тоа корупција на јавен подиум: кога ќе станам „прв баја“ во државата, ќе ви дадам милиони? Потоа вака си велам: чекај, па јас ќе им дадам три пати повеќе од тоа што Мицкоски им дава на ресенчани, прилепчани, битолчани… Зошто јас да не се кандидирам за премиер? Аууу, шит, заборавив: јас сум предавник, шпион, дојденец, во мене не тече крвта на „војводите“, така си реков, и се откажав од таквите мрачни примисли.

Потоа ми текна дека еднаш реков, ќе повторам уште еднаш. Ова денес е 21 век, никој не треба да се обидува да дојде на власт. Не е повеќе модерно да се владее, туку треба да се управува со системот. За управувачи треба да зборуваме кои ќе го управуваат системот, а не за оние кои ќе го владеат. Во таквата констелација, во констелација на „владетел и поданици“, граѓаните може да бидат само тесто за месење или топовска храна за властодршците- предатори.

Сега, сосема логично, ми се поставува друго прашања. Каков е тој кодекс на однесување на еден човек што претендира да биде премиер, оди помеѓу луѓето и се расфрла со милиони евра кои ги нема? Можете ли да ја замислите таа ароганција – им фрлаш в сурат милиони евра, за кои, притоа, ниту имаш разработено методологија, ниту имаш свест што нив им треба, ниту ги слушаш нивните реални потреби… Не, ништо од тоа. Само: еј, видете ме колку сум добар, кога ќе станам главна фаца на сите ќе ви давам пари… Ма, какви пари, ќе ви дадам милиони евра, море, еј!

Секој нормален човек, знае, дека парите не растат на дрво. Парите се заработуваат со конкретна работа. Некој е чевлар, па работи на поправка на чевли, друг е тишлер, молер, шивач, доктор, учител… И секој заработува онолку колку што дава дел од својот сервис, знаење, компетенции. Приказната за етичноста не се завршува преку празните „приказни за етичноста“; целта во конечноста е промена на менталниот склоп – власта, било локална или извршна, врши за јавен интерес. И тоа е сè.

Сигурен сум дека секој од вас се затекнал во кафана кај што оној другиот му вели: јас ако сум власт, на сите ќе им помогнам, нема да крадам, само ќе им давам на луѓето. Сигурно ја знаете онаа сцена: седите во некој ќош од кафаната, пиете „бокалче и сифонче“ и слушате како некој „мартир“ (читај, страдалник!) кука над себе и својата судбина.

Кога политиката, драги мои, ќе се сведе на лажење, однапред зададени матрици, предубедувања и проекции, порано или малку подоцна таквата политика се руши во допир со реалноста.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Next Post

Далеку од очите на светот, 773 цивили беа масакрирани во Дарфур додека се интензивира егзодусот и хуманитарна криза

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk