ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицкоски дозна како се станува патриот

October 1, 2025 08:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

Стотици илјади граѓани и семејства во Македонија по царскиот указ на Мицкоски се  најголеми патриоти кои ја спасуваат Македонија од исчезнување. Браво премиере, конечно  ти текна

Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ

Голема радост ме облеа  кога лично премиерот Христијан Мицкоски ме прогласи за голем патриот. Ете тоа ти е права политика и предизборна кампања. До вчера си странски платеник и предавник, а од денес си патриот и тоа голем. И што е многу значајно не само јас, туку стотици илјади граѓани и семејства во Македонија по царскиот указ на Мицкоски се  најголеми патриоти кои ја спасуваат Македонија од исчезнување. Браво премиере. Конечно ти текна.

Како се случи оваа историска трансформација да се најде вистинската дефиниција што е патриотизам и тоа баш во предизборна кампања за локални „кметови“. Овој пресврт се случи откако нашиот премиер „вчера“ дозна нешто што науката и не само науката, туку егзактните стравични податоци секојдневно со години  алармираат дека иднината на Македонија во догледно време е да стане еден голем пензионерски дом и да доживее социјална пропаст со помалку од еден милион жители. И еве го скокна премиерот да ни соопшти дека најголеми патриоти се граѓаните кои  имаат семејство и  повеќе деца.

Што го исплашило премиерот

Исплашен за катастрофата што може да ја снајде татковината во блиска иднина точно го пресметал датумот кога ќе има помалку од милион жители во земјата. Е, тогаш, извика премиерот, следува  апокалипса,  односно ќе имало подеднакво вработени и пензионери што значи на  еден пензионер треба да му ја обезбеди егзистенцијата еден вработен. Аууу, веднаш пиши банкротирана држава која исчезнува, поточно веќе исчезнала.

Ете тоа го исплашило премиерот Мицкоски  експресно да ја смени својата дефиниција и целата доктрина на ВМРО за тоа што е патриотизам, национална гордост и достоинство. Богами и треба да се исплаши и не само тој бидејќи секое вакво предупредување, а ги имаше илјадници  дека нивниот партиски инжинеринг за лажен  патриотизам што го пропагираат откако постои оваа политичка партија ја води Македонија во катастрофа, во неминовно пропаѓање.

Ајде сега да видиме на кого мисли навистина Мицкоски кога вели дека најголем патриотизам е да се има семејство и повеќе деца. Не е јасно, како и во секоја негова историска изјава, дали тоа се однесува баш на сите граѓани кои тоа веќе го постигнале,  или само на припадниците на најпатриотската  револуционерна партија каде патриот се станува автоматски штом земеш членска карта, а и не мора баш да се зачлениш доволно е да гласаш за ВМРО ДПМНЕ тоа веќе те прави патриот. А, од денес па натаму  ако формираш семејство и правиш повеќе деца стануваш голем патриот.

Чекај сега малку, запри се,  што правиме со предавниците и велепредавниците што ги продадоа националните и државните интереси, а имаат многудетни семејства. Ништо, тие и натаму остануваат предавници со таа разлика што и нивните деца се прогласуваат за предавници. Мислам таа доктрина е од поодамна во тек и носи изборни победи и не може така наврат на нос да се менува. Нели премиере.

А што се тие што немаат деца

Добро, а каде припаѓаат луѓето кои немаат деца, а работат чесно,  плаќаат данок на државата, имаат свои фирми и компании,  вработуваат луѓе кои имаат семејства и деца  и плаќаат исто така даноци и придонеси . Дали тие луѓе не се патриоти.

Можеби премиерот  Мицкоски во следната прилика ќе каже, или некој непатриотски новинар, странски платеник ќе го праша дали се патриоти луѓето кои избегаа од таковината и работат во странство имаат семејства и деца кои учат во странство таму плаќаат даноци, а праќаат и пари на своите блиски во татковината за да преживеат, дали и тие не се патриоти. Интересно би било Мицкоски како експерт за патриотизам да каже дали и овие стотина илјади македонски граѓани со бугарски пасоши кои заминале во странство за да се спасат од земјата недојдија  се патриоти, или предавници, или пак се предавници само тие кои добро се укотвиле во патриотската партија со бугарски пасоши и швајцарски банкарски сметки за секој случај.

Има уште многу прашања и одговори за вистинскиот и лажниот патриотизам кои изгледа нашиот премиер не верувам дека не ги знаел и не ги прочитал до сега, но овојпат инспириран од своите предизборни настапи за апсолутна победа влегнал во фаза на некаков патриотски вознес да ја открива катастрофаланата иднина на државата ако не се раѓаат повеќе деца отколку што умираат граѓани. Иако одамна пишувам за лажниот патриотизам на ВМРО ДПМНЕ, клучното прашање  на кое треба да одговори прмиерот Христијан Мицкоски е колкав е придонесот на неговата политичка партија и неговиот личен придонес  во упропастувањето на Македонија. Како тоа сега дури по 35 години ширење пропаганди за предавства на националните интереси, за прогласување на непријатели, сега наеднаш патриотизмот бил да се има семејство и повеќе деца. Види мајката, откако ја изолиравте Македонија од светот, откако партијата стана прибежиште за богатење, стекнување  лажни дипломи, за вработување и за егзистенција и спасување од сиромаштија ви текна што е вистинскиот патриотизам и тоа само за една употреба додека завршат изборите.

Премиерот Христијан Мицкоски ќе остане запаметен по своите изјави за една употреба, после тоа треба да се фрлат во заборав оти  имаат краток рок на траење, брзо се менуваат и расипуваат. Она што останува на подолг рок за катастрофата на државата е нејзината самоблокада да стане успешна европска држава во која младите луѓе ќе најдат свој интерес да останат и да работат и да ја сакаат својата земја, а не да се радуваат кога ќе заминат во странство. Тука треба да ги пронајде и Мицкоски и партискиот врв  своите заблуди и намерни лаги и разгорување на омразата во Македонија со лажните патриотски пропаганди кои направија пустош во свеста на граѓаните.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен
Next Post

Ливерпул загуби од Галатасарај, втори победи за Баерн, Интер и Реал

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk