ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска Бежоска: Девизните резерви на адекватно ниво за директна поддршка на стабилноста на девизниот курс

November 9, 2023 14:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Девизните резерви согласно последните објавени податоци за крајот на октомври годинава изнесуваат 3,9 милијарди евра или 28 проценти од БДП и се доволни за 3,6 месечна покриеност на проектираниот увоз на стоки и услуги за наредната година што според гувернерката на Народна банка (НБ) Анита Ангеловска Бежоска е адекватно ниво за директна поддршка на стабилноста на девизниот курс.

-Според сите меѓународни параметри ова е адекватно ниво за директна поддршка на стабилноста на девизниот курс. Екстерната позиција оваа година е значајно подобра во споредба со истиот период од минатата година, но и од нашите проекции. Тоа упатува дека девизните резерви во континуитет продолжуваат да растат и тоа е јасно видливо на девизниот пазар каде Централната банка годинава интервенираше со нето откуп на девизи за разлика од претходните две години кои беа под силно влијание на кризниот период и кога се интервенираше со нето продажба, истакна  Ангеловска Бежоска во одговор на новинарско прашање при денешната презентација на есенските макроекономски проекции.

Причината за поволните платно билансни движења, како што кажа, во најголема мера се должи на значајното подобрување на трговскиот дефицит кој, по големото продлабочување во периодот на кризата, годинава бележи значајно подобрување.

-За првите девет месеци од годинава трговскиот дефицит е намален за 30 проценти што секако значи поголема понуда на девизи на девизниот пазар и откуп од страна на Централната банка, прецизира Ангеловска Бежоска.

Кај дознаките, како што посочи, земјава имала две исклучителни години во кои растеле со високи двоцифрени стапки во просек од околу 30 до 40 проценти.

-Оваа година се гледа забавување, но тоа не значи пад бидејќи продолжуваат да растат, но динамиката на раст е забавена на околу 13 проценти во првата половина од годинава. Таа сепак е многу солидна со оглед на високите нивоа кои се постигнаат минатиот период. Минатата година дознаките недминаат две милијарди евра, рече Ангеловска Бежоска.

Како Централна банка, додаде, сме прудентни во нашите проекции и не го екстраполираме овој поволен тренд до крајот на годината, сепак предвидуваме пониски стапки на раст на приватните трансфери, а и на среден рок проектираме дека ќе продолжат да растат со околу три проценти.

Tags: БежоскаДевизни резерви
Next Post

Гир: Извештајот на ЕК е искрен и правичен, Северна Македонија да ја искористи создадената динамика во процесот на проширување

EVN

НАЈНОВО

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk