ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Извештај на ЕК: Правна рамка погодна за демократски избори, работата на Групата за изборни реформи допрва треба да покаже резултати

November 10, 2023 15:21
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот на Европската комисија оценува дека правната рамка е погодна за организирање демократски избори во Северна Македонија, но без доволно напредок во имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија. Препораката е да се решат на инклузивен и транспарентен начин недоследностите во изборното законодавство.

Извештајот го одбележува и почетокот на Работната група за изборни реформи формирана од Министерството за правда, нагласувајќи дека резултатите од нивната работа допрва треба да се видат. Во Извештајот се истакнува фактот и дека најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, одбила официјално да биде дел од работната група. Од друга страна нагласена е потребата од широк консултативен процес во спроведување на изборната реформа.  Изборното законодавство треба да се усогласи со меѓународните и европските стандарди.

Во работната група се опфатени сите чинители во изборниот процес. Во речиси сите тематски области е ЦИВИЛ кој даде значаен придонес кон овој процес со бројни препораки и предлог-законски решенија.

Извештајот зборува за имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за кои комисијата не бележи напредок, но Работната група во својот мандат за работа на измените на Изборниот законик врз основа на нивните препораки, на 7 ноември ја имаше последната седница на која се разгледуваше и гласаше за усвојување на драфт верзијата на измените во Изборниот законик. Од тука презема Министерство за правда за доуредување на текстот и негово предавање на парламентарните групи во Собранието. Работната група одлучи да прифати дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а мал дел да изостави или како што изјави претседателот на групата, Александар Новакоски „сите кои можеа да се имплементираат, се имплементираа, некои не можат да се имплементираат, не се компатибилни со нашиот Изборен законик“.

Препораката на ОБСЕ/ОДИХР е изготвување и на нов Изборен законик. Новакоски рече дека се надева дека ќе се изнајде начин работната група да продолжи да работи на нов Изборен законик.

ДИК треба навреме да ги распредели ресурсите ако сака да биде ефективна и да делува самостојно, а точноста на Избирачкиот список да биде да подлежи во континуитет на системски проверки и ажурирање на податоците, се вели во Извештајот.

Генерално, Извештајот дава добра оценка во контекст на изборното законодавство, но немањето напредок во улогата на Собранието може да влијае на целосниот исход од трудот и работата вложени во  рамките на работната група.

Како што изјави  евроамбасадорот Дејвид Гир, во извештајот се искажува загриженост за политичката поларизација, која што влијаеше особено врз работата на Собранието, со што се одложуваат потребните реформи и важните назначувања, вклучувајќи го и активно блокирање на Собранието.

Колку од измените ќе бидат прифатени, дали тие ќе бидат дел од изборите следната година, зависи од партиите во Собранието, но и нивната одлука за одредување датум за избори. Состојбата во Парламентот, но и отсуството на политички консензус околу клучни прашања, процеси што ги кочи дел од опозициските партии.

Биљана јордановска / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: избориизвештај на ЕКОБСЕ/ОДИХРпрепоракиреформи
Next Post

Арсовска ја отстранила пречката – самата себеси – за реализација на проектот Бас рапид транзит (БРТ) за Скопје

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025
Скриншот

Трамп тврди дека „Хезболах е целосно уништен“ и повикува на мир со Иран

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk