ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Максо сече ленти само за ДУИ: И прст ќе дал за нив!

November 10, 2023 22:17
in ZOOM IN, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кој од неодамна стапи на функцијата претседател на партијата ЗНАМ на последната Седница на Советот на Град Куманово со реплика ѝ се обрати на советничката од редовите на ДУИ Арта Адеми дека, како во минатото, така и во иднина е подготвен да биде ставен во функција на кампањите на нејзината партија. Истакнувајќи дека не практикува да се фали со своите дела, Димитриевски потенцираше дека единствените два пати кога го сторил тоа било кога учествувал на манифестации организирани од функционери на ДУИ.

„Во цела кариера од 6 години, јас имам пресечено две ленти и двете се со членови на влада од ДУИ. Едната лента ја пресековме кога се отвораше салата во економско училиште на албански наставен јазик, осум министри се наредија, едниот прст ќе ми го исечеа по грешка пошто се згураа на врата. Вториот проект, пак ја пуштаа истата спортска сала и третиот пат, кога ќе одиме таму, пак ќе ја пуштаат“, посочи Димитриевски.

Реалноста е сосема поинаква. На фотографиите од настаните, јасно се гледа дека исклучително му годело присуството во друштво на владините функционери, кои всушност промовирале завршени објекти од проектот  на Министерството за образование за изградба на 145 спортски сали.

Димитриевски преку оваа изјава подметнува невистина, бидејќи станува збор за две различни спортски сали, едната во Средното училиште Перо Наков, а другата во Основното училиште Јероним Де Рада во с. Черкези, Куманово.

Овој обид на градоначалникот на Куманово да создава погрешен впечаток во јавноста може само да им наштети на граѓаните на Град Куманово. Останува прашање дали овој систем на функционирање на Димитриевски ќе се пренесе и во новата партија ЗНАМ.

М. П.

Next Post

Саудиска Арабија домаќин на вонреден самит на Арапската лига за војната во Газа

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk