ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

November 14, 2023 09:22
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за онкологија денеска треба да продолжи со работа со разгледување на документацијата. Членовите на Комисијата, кои вчера ги отпочнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата, треба да ја анализираат собраната документација и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во претходните 30 дена.

На вчерашната седница на Анкетната комисија на која се разгледуваа стенограми од сведочења во изминатиот еден месец, опозициските пратеници на одговорност го прозваа поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Според нив, тој има политичка одговорност за случувањата на Клиниката затоа што не постапил по член 295 став 1 од Законот за здравствена заштита според кој министерот за здравство има обврска за надзор над законитоста на работењето на здравствените установи.

Пратеници од власта и опозицијата вчера полемизираа околу тоа која е нивната задача во овој дополнителен рок во кој ја разгледуваат документацијата, по излагањето на Антонијо Милошоски, кој рече дека „примарната политичка одговорност”  за злоупотреби на Онкологија ја носи поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

По расправата за документацијата, Анкетната комисија треба да донесе формални заклучоци.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на 10 ноември поднесе Предлог – одлука за изменување и дополнување на одлуката за основање на Анкетната комисија за скандалот во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, со која бара продолжување на рокот за дополнителни 30 дена за сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции.

Според претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи, објавени се нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои, како што посочи, може да се заклучи дека станува збор за „основано сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата“.

Пред Анкетната комисија досега сведочеа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување – Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Маја Парнарџиева Змејкова, Магдалена Филиповска Грашковска, актуелната заменик – министерка за здравство Маја Манолева, поранешните заменици – министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски, Ефтим Насков, главен внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување, поранешната директорка на Клиниката за онкологија, Симонида Црвенковска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Виолета Клисарова, како и други лица и функционери.

Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.

Tags: Анкетна комисија за Клиниката за онкологијаКлиника за онкологијаРашела Мизрахи
Next Post

Наутро со слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025
Фото: МИА

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

November 7, 2025
ФОТО: Општина Карпош

Јакимовски: Ја оставам општината со 72 милиони денари на жиро сметка и со измирени тековни обврски

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk