ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска на конференција на АмЧам „Градење на сајбер-отпорни организации“: Целиме кон проактивен пристап во заштитата од сајбер-напади

November 15, 2023 15:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење учествуваше на конференцијата „Градење на сајбер-отпорни организации“ во организација на Комитетот за дигитални трансформации при Американската стопанска комора во Северна Македонија – АмЧам.

„Ако ја имаме предвид ситуацијата во светот, ние континуирано сме во војна на сајбер ниво и неопходен е проактивен пристап во постигнувањето на стандардите и градењето капацитети, за да го подговиме системот за поефикасно да реагира на сајбер нападите“, истакна вицепремиерката Грковска во своето излагање на првиот панел на конференцијата насловен „Стратегија за дигитализација и сајбер безбедност на Северна Македонија“, на кој учествуваа и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и Јетон Акику, директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Вицепремиерката Грковска се осврна на постоечката легислатива на ова поле и додаде дека со претстојното усвојување на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, се воспоставуваат основите за воведување стандарди за сајбер безбедност кај државните институции, но и кај останатите субјекти од суштинско значење во земјата.

Истакнувајќи ја важноста на дигитализацијата во воспоставувањето ефикасен систем на политики за добро владеење, Грковска истакна дека уште со формирањето на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството инсистирала на системски пристап, наспроти досегашните парцијални решенија. „Среќна сум што Концептот за дигитална трансформација, што го подготвивме со поддршка на американската влада е  усвоен и веќе сите стратегии и закони реално произлегуваат од таму“, истакна Грковска, додавајќи дека на овој начин ќе успееме да добиеме стратешка, планска и безбедна дигитална трансформација на општеството и политики за сајбер безбедност кои неминовно се испреплетени со овој процес.

Дводневната конференција во организација на АмЧам која се одржува во Скопје има за цел да се разменат идеи и искуства кои ќе помогнат во надминувањето на предизвиците и обезбедувањето на успешна и одржлива дигитална трансформација на македонскиот јавен и приватен сектор.

Tags: AmChamГрковскаКонференција
Next Post

Љубиша Николовски: ВМРО-ДПМНЕ се плаши ако ги загуби претседателските дека ќе изгуби гласачи за парламентарните избори

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk