ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Израелската војска влезе во најголемата болница во Газа

November 15, 2023 09:13
in ДЕНЕС, СВЕТ
Припадници на армијата на Израел

Припадници на армијата на Израел

 Израелската армија денеска објави дека влегла во комплексот Ал Шифа, најголемата болница во Газа, повикувајќи ги милитантите на Хамас да се предадат. Д-р Мунир ал Бурш, генерален директор на Министерството за здравство на Газа, изјави за Ал Џезира дека израелските сили влегле во западниот дел на здравствениот комплекс.

„Се слушаат големи експлозии, а прашина доаѓа до областа каде што се наоѓаме. Веруваме дека експлозија се случила во самата болница“, рече Бурш. Неколку часа подоцна, портпаролот на министерството, Ашраф ал-Кидра, изјави дека „окупациската војска сега е во подрумот и пребарува“.

„Тие се во комплексот, пукаат и гранатираат. Израелските сили првично ги нападнаа одделите за хирургија и за прием на итни случаи, рече Мохамед Закут од Министерството за здравство.

Во изминатите денови има се повеќе повици од меѓународната заедница за хуманитарен прекин на огнот, а судбината на таа болница е во центарот на светското внимание поради влошените услови таму. Во болницата се сместени илјадници пациенти, членови на медицински персонал и бегалци.

Палестинското движење Хамас соопшти дека претседателот на САД Џо Бајден е одговорен за тековната израелска операција во болницата „Al Шифа“ во Газа.

„Ние ја сметаме окупацијата (името што Хамас го користи за Израел) и претседателот Бајден целосно одговорни за нападот на израелската армија врз медицинскиот комплекс Ал Шифа“, се вели во соопштението на Хамас на арапски јазик.

„Предупредуваме дека може да се случи масовно убиство во болницата“, соопшти Министерството на Хамас.
Израел тврди дека милитантното движење Хамас има команден центар под Ал Шифа.

Tags: БолницаГазаИзраелската војска
Next Post

Бајден: Кина има реални проблеми, треба да ги промениме односите на подобро

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk