Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба во објава на Икс наведе седум примери како Русија ги прекршила меѓународните договори постигнати како резултат на преговорите во претходните 30 години
To those who have missed the previous 30 years, here is a short list of the results of negotiations with Russia that it never respected:
1. The Budapest Memorandum of 1994. Russia agreed to “respect independence, sovereignty, and the existing borders of Ukraine” as well as…
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) November 14, 2023
За оние кои ги пропуштија претходните 30 години, еве краток список на резултатите од преговорите со Русија кои таа никогаш не ги почитуваше, напиша Кулеба по што наведе седум примери кога Русија ги прекршила меѓународните договори:
1. Меморандумот од Будимпешта од 1994 година. Русија се согласи да „ги почитува независноста, суверенитетот и постојните граници на Украина“, како и „да се воздржи од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на Украина“. Прекршена од страна на Русија со инвазијата на Крим во 2014 година.
2. Руско-украинскиот договор за пријателство од 1997 година. Русија се согласи да го почитува територијалниот интегритет на Украина и „ја потврди неповредливоста на границите“ меѓу двете земји. Русија го прекрши во 2014 година.
3. Самитот на ОБСЕ во Истанбул во 1999 година. Русија се обврза да ги повлече своите трупи од молдавскиот регион Транснистрија и од Грузија до крајот на 2002 година. Тоа никогаш не се случи.
4. Договорот за прекин на огнот во Грузија од 2008 година по руската агресија врз земјата. Русија се согласи дека „руските воени сили мора да се повлечат на линиите пред почетокот на непријателствата“. Тоа никогаш не се случи.
5. „Зелениот коридор“ во Иловајск во август 2014 година и други „хуманитарни“ коридори на смртта. Русија вети дека ќе им дозволи на украинските сили да го напуштат опколениот град Иловајск на истокот на Украина, но наместо тоа отвори оган и уби 366 украински војници. Во следните години Русија нападна бројни хуманитарни коридори во Сирија.
6. „Минските“ договори од 2014 и 2015 година. Русија се согласи да го прекине огнот на истокот на Украина. Имаше 200 рунди на преговори и 20 обиди да се спроведе прекин на огнот, сите од кои руската страна веднаш ги прекрши. На 24 февруари 2022 година, Русија започна инвазија од големи размери врз Украина.
7. Црноморската иницијатива за жито од 2022 година. Русија вети дека ќе „обезбеди максимални гаранции за безбедна и безопасна средина за сите бродови вклучени во оваа иницијатива.“ Потоа ја попречуваше операцијата на иницијативата со месеци пред да се повлече еднострано една година подоцна.
Забелешка: Јас се фокусирав само на договорите направени со Русија за решавање на конкретни прашања и конфликти. Не спомнувам речиси 400 меѓународни договори кои Русија ги прекрши од 2014 година.
Овде нема заклучоци што треба да се извлечат, освен што никој не може сериозно да ги употреби зборовите „Русија“ и „преговори“ во иста фраза.
Путин е вообичаен лажго кој им ветил на меѓународните лидери дека нема да ја нападне Украина неколку дена пред неговата инвазија во февруари 2022 година.
Тактиката на Русија остана конзистентна во нејзините многу војни во последните три децении: убиј, киднапирај, лажи и негирај.
Зошто некој искрено би верувал дека Русија во 2023 година е поинаква од Русија во 1994, 1997, 1999, 2008, 2014, 2015 и 2022 година?, прашува Кулеба на крајот од Твитот.
Д. Мишев / Цивил Медиа