РИБАРО
– Ситуацијата станува многу сериозна. Се движиме на тенок конец, очајни сме во секој поглед. Нè баталија сите западни демократски лидери, дури и оние од сестринските партии. Градоначалничињава се катастрофални во секоја општина што ја освоивме. Како бе еден асолен не излезе?! Но, ние друг пат немаме. Она што ни останува во овие месеци до изборите е преку медиумската машинерија што ја наследивме од Груевски, да билдаме еуфорична атмосфера дека сме победници, иако по сè како што изгледа здраво ќе го кркаме, констатирал Мицкоски на брифингот во белата палата на вмровците, дознава АХА.
Мицкоски побарал мобилизација од сите што се на списокот на белата палата.
– Нека се спрегнат сите сили. Нека се запни Влајко со анкетите. На секои две недели мора да вади една фингеровка дека водиме дупло, тродупло, стодупло, пред СДСМ. Земајте пример од Геро, Латас и слична медиумска болумента. Оној угурсуз Мирчевски од Канал 5 мудро билда меѓуетничка нетрпеливост. За оние од Алфа ТВ ич да не правам муабет. Нека се запнат јако ботовите од социјалните мрежи. Тоа е патот што мора да го тераме, истакнал Мицкоски.
Еден мицков пион се охрабрил да му врати.
– Ама шефе, oсвен Орбан никој не нè прибира. ЕУ лидериве не сакаат ни да нè видат ни да нè чујат. Сите нè кудат. Се чудат што политичка сорта сме кога сами си го кочиме европскиот пат на државата. Буквално се брукаме со негласањето на уставните измени. Народов јес да е збунет, ама не е глуп. Ни се смеат на анкетите од Влајко. И на нашиве медиуми им е срам веќе да ги пласираат. Кој ќе гласа за нас кога јасно е дека немаме коалициски капацитет да формираме Влада. A и со кого би правеле Влада? Ќе не одјебат сите евентуални коалициски партии ако продолжиме со национализам и албонофобија нели гледате дека така само контра ефект правиме. Ни еуфорија, ни медиуми, ни анкети… ништо не не спасува, му контрирал близок пулен на Мицкоски.
– Терај бе како што ти кажувам, не ми се прави многу паметен. Нели реков дека сме очајни, а во очајов што друго ни преостанува?!, завршил Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK