„ИПАРД 2 Програмата ја констатира Европскиот извештај со тоа што завршува реализацијата наи сме рекордери во искористеноста на ИПАРД 2 Програмата во последните пет години на сите11 повици, вклучително и на последниот пред само еден месец со којшто стопроцентно одБуџетот кој ни е даден на располагање за целиот Буџет се склучени договори имаме рекордни2.359 Договори колку сите земји корисници на ИПАРД заедно и сме првата земја од регионо којашто ја започна ИПАРД 3 Програмата и ги очекуваме последните апликации по пошта за Мерките 1 и 7, но може да најавам рекордна заинтересираност на граѓаните, земјоделците и бизнисмените, агробизнис секторот со досега пристигнати над илјада и сто апликации, изјави Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во неговото гостување во Дневникот на МРТ 1.
Тој додаде дека министерството го имало рекорден Буџет во поглед што бил распишан во септември, а завршил на први ноември со 30 милиони европски средства на еден повик. „Тоа не се случило досега. ЕК ни го зголеми буџетот на 97 милиони неповратни европски средства и сите земји од регионот учат од македонското искуство како да се искористи ИПАРД“, потенцираше Николовски.
Тој додаде дека ако се видат забелешките во поглед на ИПАРД се однесуваат на тоа зошто платежната агенција нема канцеларии или простории.
„Таа забелешка оваа година е отстранета заради тоа што Владата пред половина година додели нова зграда на платежната агенција, а Министерството преку проект на Светска Банка и грант обезбеди дополнителни средства во тој поглед“ заклучи Николовски.