ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Од ковид во октомври во земјава починале 11 лица, превентивните мерки да се почитуваат

November 15, 2023 14:33
in PMD, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Раст на бројот на починати лица од ковид-19 во земјава. Во октомври 2023 година починале 11 лица од ковид-19, што е значителен раст во споредба со септември кога од ковид починале пет лица, како и од август кога имало само еден починат. Ова се официјални податоци од Институтот за јавно здравје, за кои епидемиолозите велат дека треба да претставуваат знак за предупредување за луѓето за почитување на превентивните мерки.

Во Македонија во текот на месец октомври 2023, пријавени биле вкупно 535 заболени од ковид-19, а 11 лица починале, пишува во најновиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања за месец октомври, кој редовно го објавува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Од заболените во октомври, најголем број на заболени се пријавени од Скопје, а највисока инциденца се регистрира во Кавадарци. Регистрирани се 214 реинфекции. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31.10, пријавени се вкупно 349.881 потврдени случаи на ковид-19 и 9.957 смртни случаи. Бројот на аплицирани дози на ковид-19 вакцина во октомври изнесува вкупно 20, од тоа 10 се прва, по 2 како трета и четврта, и 6 како петта доза“, пишува во извештајот.

Мета.мк разговараше со епидемиологот д-р Александар Стојанов, кој е изненаден од високиот број на смртни случаи, бидејќи доминантниот сој дава лесни симптоми. Тој вели дека нема да штети ако луѓето внимаваат на себе, посебно овој период кога заладува.

„Висока бројка е 11 смртни случаи за само еден месец, со оглед на фактот дека овој сој не дава тешки симптоми и поминува лесно. Починатите лица најверојатно биле и со коморбидитети, а улога сигурно играла и возраста. Во Зрењанин ставиле забрана за посета на болницата, па сметам дека и ние не е на одмет ако сме малку на штрек. Ние во минатото за грип сме забранувале посети и сме препорачувале да се носи маска во автобус, во затворен простор. Овие месеци се такви и треба да се внимава“, смета д-р Стојанов.

ЕГ.5 или Ерис, доминатниот сој изминативе месеци, е варијанта на ковид-19 која стана доминантна прво во САД, па се прошири во Кина и Британија. Распространетоста на новиот сој расте, а симптомите најчесто се главоболка, рапав глас, болки во мускулите и изменето чувство за мирис. Според епидемиолозите, овој нов сој не треба да нè загрижува.

Заклучно со 31 октомври 2023 година, вакцинирани се вкупно 876.174 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 857.229 лица.

Ако се погледнат бројките од летово, во јули пријавени биле 23 случаи на ковид-19. Во јуни имало 29 случаи, а во мај оваа бројка била 119. Во август имало 112 регистрирани случаи на ковид-19, додека во септември оваа бројка значително се зголемила на вкупно 855 случаи.

Преземено: Трн.мк

Tags: епидемиолозиерис сојИЈЗКОВИД-19смртни случаи
Next Post

Одобеску: Искористите ја шансата што се отвори за проширување, без оглед на потешкотиите на патот кон ЕУ, сите напори вредат

EVN

НАЈНОВО

Сообраќајна автобуска несреќа во Иран, најмалку 13 загинати

December 16, 2025
Фото: Армија

Воениот оркестар на Армијата приредија предновогодишен спектакл

December 16, 2025

Дијаспората испратила 310 милиони евра: Пад на дотациите од странство кон Македонија во изминатите три години

December 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ONE BATTLE AFTER ANOTHER Тамара Котевска со Леонардо Дикаприо и екипата

    (ФОТО) Тамара Котевска со Леонардо ди Каприо и другите ѕвезди на затворен ВИП ручек за филмот One Battle After Another

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ахмед Ал Ахмед – човекот што со голи раце го запре нападот врз Евреите во Сиднеј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 15 декември 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е 11 годишната Лу Делез победничката на Детската Евровизија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Тајната вечера“ – делото што речиси го скрши Леонардо да Винчи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk