ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катаклизма на ЈСП и јавниот превоз

November 15, 2023 13:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советничката група на СДСМ и коалицијата во Скопје иако е опозицијата се грижи за интерсот на граѓаните и ќе го поддржиме субвенционирањето на ЈСП, но ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БРТ немаше денеска да зборуваме за катаклизми и хаос во јавниот превоз, рече на седница на Советот на град Скопје советникот Гордан Шутаров од СДСМ.

-Ставот на СДСМ и коалицијата е јасен, гласно го кажуваме, а тој е дека го поддржуваме субвенционирањето на ЈСП затоа што тоа е во интерес на граѓаните. Особено на оние граѓани, пензионери, средношколци, студенти, коишто најмногу имаат потреба од јавниот превоз, секако заедно со сите останати граѓани кои што активно го користат јавниот превоз. Субвенциите на ЈСП ги поддржуваме. Не даваме поддршка за ново задолжување на Град Скопје затоа што 2 години се залагаме за нов концепт на јавен превоз во Скопје, тоа е БРТ, проект којшто после 2 години кочење можеби и ќе се реализира. Да не беше закочен тој проект за БТР од страна на локалната власт на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје денеска ќе имавме половина реализиран проект, со цени и спецификации како проектот тогаш што бил направен. Апелираме јавно, проектот за БРТ да започне веднаш затоа што парите, 70 милиони евра заем од ЕБОР се на наменска сметка на Град Скопје и може да бидат искористени. Овој проект како нова концепција за јавен превоз е спас за хаосот. Да беше тој проект во фаза на реализација немаше денеска да зборуваме за катаклизми, немаше денеска да зборуваме хаос во јавниот превос во Скопје, немаше да требаат нови субвенции. Затоа што тој концепт е потребен на граѓаните, рече Шутаров.
Советникот Шутаров додаде дека доколку ДПМНЕ како мнозинство во Советот не ја поддржи одлуката за субвенционирање на ЈСП Скопје ќе биде заробено.

-На ДПМНЕ не им се важни потребите на граѓаните. Доколку советничката група на ДПМНЕ ја подджи одлуката за субвенционирање на ЈСП тоа ќе биде само заради медиумите што се присутни во салата. Доколку не ги поддржи, 14 Ноември ќе биде денот на заробување на Градот Скопје, не од страна на опозицијата, туку од страна на локалната власт. Исто како што 11 години ја заробивте државата и исто како што 2 години ги држите во заложништво општините, рече Шутаров.

 

Tags: БРТВМРО-ДПМНЕСкопјеСПШутаров
Next Post

СДСМ Битола: Комуналец испрати дупло повисоки сметки за ѓубре, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да собира арач во Битола

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk