„Изминаа повеќе од 2 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Гевгелија и Андон Сарамандов седна на градоначалничката фотелја – со исплатени долгови, изработени проекти, екипирана општинска администрација. И резултатот од овие изминати 24 месеци локална власт е една голема нула. Општината под раководство на Сарамандов не ги реализира ветените проекти, а реализира ткн. проекти со висок степен на сомнеж во постоењето на индиции за сериозна корупција“, на прес-конференција истакна Миле Атанасов, претседател на ОО СДСМ Гевгелија.
Тој наведе неколку примери – проекти на Сарамандов:
„ДПМНЕ и Сараманов ги покачија сметките за комунални услуги за 100%. Сакаме да прашаме: На која страница од својата предизборна кампања ВМРО-ДПМНЕ го вети ова покачување?
Се наплаќа и услуга која не се врши, „прочистување на отпадни води од домаќинства и фирми“ а пречистителната станица – проект по светски стандарди, изработен и реализиран во време на СДСМ – воопшто не работи!
Се удира по џебот на народот и со наплаќање секој месец на „трошоци за баждарење водомер“, а никој не баждари водомер секој месец.
Во исто време кога општината, односно граѓаните на Гевгелија ДПМНЕ ги задолжи со нови 650 илјади евра. Оваа мерка не беше ветена – но беше остварена.
Потоа, уште една неветена, но реализирана мерка – маркици за нови згради без почитување на основните параметри за урбано живеење во здрава и хумана средина.
Општината во една брза, нетранспарентна постапка, без учество на јавноста, воведе наплата на зонско паркирање без да понуди реална, одржлива, рационална алтернатива за граѓаните. Целите на мерката не се воопшто јасни, одлуките имаат мал милиони недостатоци, што единствено води до заклучокот за заткулисни интереси. Тоа беше уште една неветена, но реализирана мерка, чиј товар граѓаните тек допрва ќе го почувствуваат на свој грб, а за нечии туѓи интереси“, рече Атанасов .
Тој нагласи дека дека ниту еден проект ветен во програмата не е исполнет. Наместо да се развива Гевгелија две години стои во место, додаде Атанасов.
„Нема нов градски базен, не е обновена спортската сала Партизан како што Сарамандов и ДПМНЕ ветуваа.
Нема нов спортски центар Топлик.
Нема ниту здрав оброк за секое дете.
Но затоа има сомнителни тендери во општина Гевгелија директно поврзани со лица вработени во општината.
ДПМНЕ и Сарамандов потфрлија и целосно ги разочараа граѓаните на Гевгелија.
Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт досега“, истакна Атанасов.