ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Има ли Мицкоски коалиционен капацитет? Извинете – нема!

November 16, 2023 10:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Се поставува прашање дали Мицкоски има коалиционен капацитет? Мислам дека прашањето или дилемата е погрешна. Прашањето кое треба да се постави е следно: дали Мицкоски знае да препознае дека нема демократски капацитет во своите партиски јадра, а потоа ќе биде многу лесно да се отвара дебата околу тоа дали ВМР0-ДПМНЕ има во себе коалиционен капацитет.

Во новите и во старите демократии на европскиот континент, екстремната десница (има ли десница која не е екстремна?) е популистичка, авторитарна, ксенофобна, ултра-конзервативна. Таква е нејзината природа, а таа природа не е демократска.

Во некои други и поинакви земји, да речеме Русија, Унгарија на Орбан и слични, таму имаме авторитаризам или „илиберална демократија“; таквиот поредок, имено, знае потполно да го поклопи општеството. Ако тоа го апсолвиравме, тогаш се поставува ново прашање кое вели: што е она кое постои во демократски општества?

Во демократски општества постојат не само партии, туку и граѓански организации и иницијативи, независни медиуми, истакнати поединци чиј главен збор има тежина – најчесто таквите луѓе се и под најголем притисок, практично без нормален простор и регулирани услови за политичка борба.

Со опозиција како ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Мицкоски, Македонија побрзо ќе стане Руска губернија или Орбанова „илиберална“ демократија, отколку пристојна, нормална и модерна Европска држава. Како е сега тоа можно? Па, можно е затоа што историјата си го брка својот опаш и има шанса повторно да „склизнеме“ во исто ако не внимавеме или само за момент се опуштиме. Мицкоски својот „национален интерес“ го гледа во 1) политичката олигархија; 2) окупација на јавните простори; 3) личен заштитник на сите институции во државата; тие се неговите постулати на кои живее и егзистира во политиката. Нема друг образец, нема друга парадигма. Вечно враќање на исто. Целта, во конечноста, се разбира (ако претпоставиме направи влада, во што искрено не верувам и не посакувам!) – да направи марионетска или „украсна“ опозиција, а ако во тоа не успее, опозицијата да ја остави на раб преку секој легитимитет, и уште ќе направи сè јавно да не постои.

За овие околности Мицкоски сонува, на овие околности се надева. Знаејќи го сето ова, Мицкоски уште и на Груевски ќе се обиде да му докаже дека и тој може да биде калиф наместо калифот. На Груевски ќе се обиде да му докаже дека пилчињата се испилкаа и сега ќе ја „папаат“ кокошката, ако ме разбирате што сакам да ви кажам. Така работат логиките во тој до-злабога досаден, глупав и коњуктурен свет.

И сега некој ќе го постави бесмисленото политичко прашање: имал ли Мицкоски „коалиционен капацитет“? Не, нема, не затоа што не би знаел да се договори, охооо, знае тој да подмачка и тоа како. Коалиции, драги мои, се прават на некакви идеи и вредности, на некои комплементарни програмски определби. Ако тоа го нема, не е далеку денот кога ќе исчезнат коалициите и ќе остане само тој, заедно со неговиот „партиски тотем и табу“.

Сите други, ако тргнеме од претпоставката дека успее и направи влада, ќе бидат „корисни идиоти“ во неговите режирани претстави. Не заборавајте – за десницата јавноста е ништо друго освен претстава, поза, кокетирање со најсомнителните страсти на луѓето. Не случајно по цели денови бројат само лајкови, гледаат кој ги напаѓа, и нормално – прават анкети само со една и единствена цел – мобилизација на своите партиски (во основна клиентелистички!) војски.

Не се работи овде, само за штури и начелни, готово апстрактни размислувања, драги мои. Дилемите за кои говорам се опипливи и секојдневно актуелни. И не се работи ниту за „штура“ идеологија: ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш работела на рабови измеѓу пасивизација и општествено насилство на политичките непријатели, нивно неприфаќање и дискредитирање.

На крајот, но не помалку важно: кога зборуваме за профилот на една политичка организација, треба најпрво да се видат основите на нејзините „програми“ и „понуди“, а потоа треба да се види како општеството ќе се развива кога таквиот програм ќе биде остварен.

Време е да ги научиме старите грешки кои не ни носат ништо добро. Нема политика во синтагмата која ни вели: „не е важно која боја е мачката, важно е дека лови глувци“. Добро, знам, синтагмата е точна, ама само под еден услов – мора веродостојно да знаеме за кои глувци зборуваме.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: коалиционен капацитетМицкоскиНЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Next Post

Министрите во улога на портпароли

EVN

НАЈНОВО

Николоски: Oдлични вести од Брисел, нашите ставови се прифатени – Возачите се прифатени како професионалци

January 29, 2026

Николоски: Правиме силен меѓународен притисок да се реши проблемот со превознциите, имаме подршка од земји од ЕУ

January 29, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Филипче: Техничка влада мора да има, не се созреани условите за укинување

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk