ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ ги повикува да се стави крај на војните и доследно почитување на меѓународното право, принципите за толеранција и човековите права и слободи

November 17, 2023 14:12
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter
  • 16 ноември, Меѓународен ден за толеранција
  • Толеранцијата не е ниту попустливост, ниту рамнодушност
  • Почит за богатата разновидност на културите
  • Почит за различните форми на изразување и начини да се биде човек
  • Признавање на универзалните човекови права и слободи.

Во 1996 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата 51/95 со која 16 ноември се прогласува за Меѓународен ден за толеранција.

Оваа акција следеше по усвојувањето на Декларацијата за принципите на толеранцијата од страна на земјите-членки на УНЕСКО на 16 ноември 1995 година.

Меѓу другото, Декларацијата потврдува дека толеранцијата не е ниту попустливост, ниту рамнодушност.

Толеранција значи почит за богатата разновидност на културите на нашиот свет, различните форми на изразување и начини да се биде човек. Дел од принципите на толеранцијата е и признавање на универзалните човекови права и слободи.

Луѓето се природно различни; само толеранцијата може да обезбеди опстанок на мешаните заедници во секој регион на земјината топка.

Светот живее во екот на бруталната руска агресија против Украина и ужасните страдања на цивилното население во Појасот Газа во војната што ја поведе Израел по терористичките напади на Хамас врз израелските цивили на 7 октомври. Не смее да се заборави дека во светот има и повеќе други крвави воени жаришта и конфликти.

Во такви услови, Меѓународниот ден за толеранција изгледа само како трагичен потсетник за тоа колку меѓународните декларации и правни норми се спротивни на реалноста. Руската федерација е дел од меѓународните структури, меѓу кои е и Советот за безбедност на ОН, каде што е постојана членка со право на вето (!). Лицемерието и цинизмот на Кремљ се огледува и во фактот дека, среде брутални напади против цивилното население на независна и суверена Украина, покренува „мировни иницијативи“ за Појасот Газа, при очигледна вмешаност во ескалацијата на тој конфликт и избивањето на суровата војна.

По повод Меѓународниот ден за толеранција, ЦИВИЛ уште еднаш ги повикува меѓународните институции и организации:

  • Да стават крај на насилствата и војните и да преземат акции за почитување на декларациите и меѓународното право; и
  • Да ги почитуваат принципите за толеранција и почитување на човековите права и слободи.

ЦИВИЛ ги повикува и институциите на државата, Република Северна Македонија, да го искористат овој ден и да рефлектираат за принципите на толеранцијата, за мултиплицирање на успешните приказни, но и да ги согледаат недостатоците во политиките и практиките во оваа исклучително важна област за општествено политичкото живеење на земјата.

Воедно, ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да се придржуваат кон принципите на толеранцијата, што подразбира почит за различностите и човековите права и слободи на сите, без оглед на потеклото, припадноста, определбите и ориентацијата на секој поединец или група во општеството.

Граѓанските организации и медиумите имаат обврска да ги почитуваат и да ги промовираат принципите на толеранцијата во општеството.

ЦИВИЛ

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Можно ли е ВМРО ДПМНЕ да не истакне претседателски кандидат на изборите?

НАЈНОВО

Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

October 14, 2025

Јаневска: Зголемен интерес за ЕРАЗМУС, одобрени 7 милиони евра за 270 образовни проекти

October 14, 2025

Мицкоски: Од средбата со Фон дер Лајен очекувам реафирмирање на позицијата за нашата стратешка цел – полноправното членство во ЕУ

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk