Во рамки на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград синоќа се одржала „Македонска вечер“, на која домаќин бил претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Во поздравното обраќање, соопштија денеска од владината прес-служба, премиерот Ковачевски нагласил дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација.
– Ве поканувам заедно да ги дегустираме македоското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Северна Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања, рекол премиерот Ковачевски.
На „Македоската вечер“ присуствувале бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Северна Македонија, медиуми.
Дегустацијата на посебните вкусови на македонските вина и храна, се вели во соопштението, беше проследена со културно уметничка програма, настап на македонски џез оркестар и на естрадни уметници.
Фото и видео: Влада на РСМ