ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кој го „врти“ загадувањето- Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ наместо за инвертери, делат субвенции за дрва

November 21, 2023 14:40
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонците и оваа есен дишат загаден воздух. Деновиве мерните станици на Министерството за животна средина покажаа високо и многу високо загаден воздух во Куманово, Тетово, Кавадарци, Гевгелија и други градови. Mинатата недела и дел од скопските општини имаа концентрација на ПМ честички два до три пати над дозволеното. Грејната сезона почна.

Дури 62 отсто од вкупниот број македонски домаќинства користат дрва како примарен извор на енергија, 29 отсто се греат на електрична енергија, а само осум отсто се приклучени на централно парно греење, покажуваат официјалните податоци.

Сѐ додека не ги прифатиме директивите на ЕУ домаќинствата ќе бидат посочувани како едни од главните загадувачи, а дрвото најефтин енергенс.

Според екологиустите како држава треба да се стремиме да ги користиме обновливите извори на енергија, поточно треба да размислуваме глобално, а да делуваме локално.

Скопје веќе неколку години високо котира на листите за најзагаден град во светот. Но, ништо подобри не беа ниту главните градови од регионот. Високо загаден воздух имаше и во Сараево дури и во летото.

Лекарите потенцираат дека оваа година аерозагадувањето ќе биде многу штетно за луѓето, во комбинација со пандемијата на коронавирусот која секој ден одзема животи.

Загадувањето на воздухот е причина за смртност на околу 3.000 лица годишно во државава и е петти главен ризик-фактор за смртност во светот.

Инвестиции во обновливи извори на енергија

Eнергетскиот сектор во Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата со цел обезбедување на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија.

Eдна од главните цели на енергетската политика на земјава е привлекување на инвестиции за изградба на енергетски објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија односно инвестирање во зелена енергија која ќе придонесе во заштита на животната средина и ублажување на климатските промени и токму затоа кон крајот на 2019 година ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година како еден од најзначајните стратешки документи за нашата земја во областа на енергетиката и одржливиот развој.

Во Стратегијата во столбот декарбонизација меѓу другото се препорачува промовирање на обновливите извори на енергија на начин кој обезбедува одржлив развој и се предвидува дека фотонапонските и ветерните електроцентрали ќе бидат најбрзорастечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија, односно се планира изградба на 750 MW ветерни електроцентрали и 1400 MW фотонапонски електрани.

Особено треба да се направат напори за овозможување на поволна инвестициска клима за изградба на фотонапонски електроцентрали, во насока на поедноставување на административните процедури, имајќи го во предвид големиот интерес од страна на домашни и странски инвеститори, кои гледаат голем потенцијал за вложување на својот капитал во искористување на овој обновлив извор на енергија.

Со правилна стратегија за развој на енергетиката, прифатена од сите чинители во општеството и реализирана од сите политички Влади во наредниот период, можеме да станеме енергетски независна држава, чија енергетика ќе се базира на производство на чиста енергија. Ова е тежок процес, процес кој бара многу време, многу инвестиции, многу вложувања и ангажман од сите чинители, како од производителите, така и од потрошувачите.

Во моментов во нашата држава работат фотонапонски централи кои произведуваат електрична енергија за 198.000 домаќинства. За период од речиси две години, дури 685 централи добија дозволи за работа, а тие, според пресметките, може да снабдуваат со струја над 160 илјади домаќинства со просечна потрошувачка во 18 градови.

Годинава започнуваме и со реализацијата на неколку крупни инвестициски проекти, како изградбата на гасниот интерконектор со Грција, зибравме партнер за изградба на најголемата пумпна хидроцентрала на Балканот „Чебрен“ која има огромно значење за декарбонизацијата и за праведната енергетска транзиција., беше отворена приватна фотоволтаична електроцентрала во земјава – „ФЕЦ Новаци“ која моментално е и најголема на Балканот. Новата централа, е со вкупен капацитет од 55 MW и годишно е проектирано да произведува 85.000 MWh што претставува електрична енергија која ќе ги задоволи потребите на 30.000 семејства.

Субвенции за инвертери или дрва?

Со години наназад согласно препораките на Европската унија Град Скопје објавуваше повици за субвенции за инвертер клими како дел од стратегијата за замена кон поекономични и поеколошки средства за загревање на домовите.

До Град Скопје во периодот до 2021 година додека градоначалник беше Петре Шилегов, над 1.000 граѓани поднесуваа апликации за субвенции за инвертери, а во просек најголем број на корисници жители на Кисела Вода, потоа Ѓорче Петров , Гази Баба , Бутел , Карпош , Аеродром , Чаир, Центар , Шуто Оризари  и Сарај.

Сепак не може да се најдат доволно информации дека се доделени субвенции во изминатите две години додека градоначалник е Данела Арсовска и нејасно е дали оваа мерка е укината бидејќи нема официјални соопштенија за добитниците, доколку и воопшто имало јавен повик.

Општините пак наместо да се вклучат во програмата за доделување инвертер клими или пак печки за пелети, тие се вратија на добро познатите популистички мерки и доделуваат субвенции за огревни дрва.

За финансиски надомест во износ од 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен кубен метар (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен просторен метар (1 просторен метар) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 14 просторни метри, одлучуваше комисија формирана од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Од вкупно поднесените 586 барања од страна на граѓаните за проектот „Субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на територијата на општина Кисела Вода за купување дрва за огрев“, одобрени беа 478, а одбиени беа 21 поради некомплетна документација.

С.Т. / Градска.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вандализмот на Левица во Собрание – многу врева за ништо или смислен план за создавање тензии во предизборие?

НАЈНОВО

Намален бројот на барања за азил во ЕУ, Германија повеќе не е главна дестинација

September 8, 2025

Летонија нареди 841 руски државјанин да ја напуштат земјата

September 8, 2025

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk