ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вандализмот на Левица во Собрание – многу врева за ништо или смислен план за создавање тензии во предизборие?

November 21, 2023 14:46
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашниот ден во Собранието течеше нормално, се додека на 131 седница на ред не дојде точката за измени и дополнувања на Деловникот за работа на Собранието, пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, почнаа да кршат опрема во пленарната сала,  барајќи седницата да биде прекината, мафтајќи со илјадници амандмани кои не им биле прифатени.

Иако пратеникот од оваа партија Димитар Апасиев претходно, во матичната комисија говореше дека неговата партија ќе поднесе само суштински амандмани, тој во последен момент реши да достави над 2000 амандмани со цел да направи „филибастеринг“.

Претседателот на Собранието Талат Џафер на вчерашната седница рече дека пратениците од Левица поднеле 2461 неуреден амандман и 12 уредни амандмани, по кои понатаму и се расправаше.

Однапред смислено сценарио и многу вандализам за ништо?

Два часа пред точката за измени на Деловникот да се најде пред пратениците, политичката партија Левица испрати соопштение до јавноста (објавено и на нивните канали на социјалните мрежи) со наслов „СДС-ДУИ-ДПМНЕ спремни со физичко насилство да врз пратеници да ја рушат демократијата“ посочувајчи подолу во текстот дека „пратениците на Левица се подготвени и ФИЗИЧКИ да го бранат народниот мандат“.

Откако пратеникот Борислав Крмов побара збор веднаш штом започнаа да се разгледуваат (уредно) поднесените амандмани, со својот нервозен настап кон потпретседателот Горан Мисовски се виде дека пратениците на Левица се подготвени за насилство.

Откако неколку пати побара од Мисовски да ја прекине седницата, Крмов започна да фрла предмети од масата наменета за спикерот, а потоа почна да ги крши микрофоните и мониторите.

На ова му се прилучи и лидерот на Левица Апасиев кој исто така фрлаше хартии низ салата, а во една прилика го собу чевелот и со него почна да удира по говорницата.

Дека Крмов очигледно имаше намера да предизвика физичка пресметка и евентуална интервенција од обезбедувањето, јасно покажува неговиот однос кон Мисовски, како и барањето некој да се „обиде да го исфрли“.

Седницата беше три пати прекинувана, но на крајот измените на Деловникот беа усвоени.

Освен дивеење на Крмов и Апасиев, пошироката јавност вчера, а ни во периодот претходно не слушна, точно против што е Левица во новиот Деловник.

Апасиев и Крмов не објаснија ниту еден свој амандман, дури Крмов во една прилика самиот кажа дека не може да образложи затоа што точно не знаел за кој амандман се работи, што само докажува дека Левица со над 2.000 амандмани не дава суштински забелешки за измените, туку единствено сака да го закочи нивното донесување.

Измените на Деловникот кои се подговтуваа од минатиот и сегашниот собраниски состав, а кои се дел од процесот Жан Моне вчера беа усвоени, а новиот Деловник ќе започне да се применува со новиот парлементарен состав.

Пратениците на Левица денеска не се присутни на продолжението на 131та седница на Собранието.

Преземено: 24Инфо.мк

Tags: АпасиевВМРО-ДПМНЕЛевицаСДСМСобрание
Next Post

Зиков: Однесувањето на Левица во Собрание е израз на немоќ, веројатно пресметките им се дека немаат доволно гласови

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk