ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

(ВИДЕО) „Полиграф“: Какви невистинити и манипулативни тврдења беа изнесени во колумна на Ристо Никовски?

November 22, 2023 15:42
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Колумните што се објавуваат во пишаните медиуми се текстови во кои се изразува лично мислење на авторите. Но, честопати се случува во нив да се искажуваат невистинити тврдења и манипулации.

На пример, во колумната на Ристо Никовски со наслов „Бујар Османи ја потпиша согласноста за менување на Уставот“ се содржани повеќе невистинити и манипулативни тврдења.

Авторот на колумната тврди дека „вториот протокол со Бугарија“, потпишан од Бујар Османи, „е наречен „француски предлог““. Меѓутоа, кога „Собранието ги изгласа заклучоците за францускиот предлог“, се реферираше само на преговарачката рамка со ЕУ. Покрај преговарачката рамка, како дел од „францускиот предлог“ се сметаа и Заклучоците на Советот на ЕУ. Оттаму, манипулативни се тврдењата во колумната дека „вториот протокол со Бугарија“ е „француски предлог“ и  дека „Бујар Османи ја потпиша согласноста за менување на Уставот“.

Потоа, Никовски во колумната тврди: „Не смее 20-тина пратеници на Албанците од земјава, да ги надгласуваат 100-тината македонски“. Во овој исказ се содржани неосновани претпоставки – прво, неоснована е претпоставката дека има „20-тина пратеници на Албанците од земјава“. Второ, неоснована е и претпоставката за „100-тината македонски“ пратеници.

Не првпат да се дезинформира јавноста за бројот на пратеници Македонци и Албанци во Собранието. И лидерот на партијата „Интегра“, Љупчо Ристовски, во медиумски настапи пред неколку месеци изнесуваше неточни тврдења дека во Собранието има 100 пратеници Македонци и 20 пратеници Албанци.

Полиграф веќе утврди дека јавните податоци од Собранието ги побиваат овие тврдења.  Во Собранието има 120 пратеници, а за гласање со двојно мнозинство на 16.11.2023 биле регистрирани 40 „пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство“, од кои 31 се изјасниле како Албанци.

Оттаму, тврдењата за „100-тината македонски“ пратеници немаат поткрепа, a немаат поткрепа ни тврдењата за „20-тина пратеници на Албанците од земјава“. Ваквите тврдења ги оценуваме како дезинформации кои може да влијаат на нарушување на меѓуетничките односи во земјава.

Извор: СМК

 

Next Post

Дезинформација е дека претседателот на ФФМ не се радува на голот на Барди

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk