ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Од 1 декември стартува дневната евтина тарифа на струјата

November 24, 2023 21:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 1 декември стартува дневната евтина тарифа на струјата, рече во интервју за Телевизија 21, Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ и Директор на Агенцијата за енергетика.

-Она што е извесно е дека од 1 декември стартува дневната евтина тарифа, домаќинставата ќе имаат 11 часа во текот на денот евтина тарифа. Праксата покажува дека декември е поладен месец и затоа и тогаш се става на располагање на граѓаните. Реално овие часови најмногу ќе ги користат пензионерите – така е и таргетирана и димензионирана затоа што во државата во која се вградиле треба да чувствуваат сигурност и стабилност, рече Николовски.

Следува период за пресметки на цените но не очекуваме струјата да поскапи, додаде тој потецирајќи дека блок тарифите ќе останат затоа што дадоа ефект.

-Блок тарифите дадоа ефект и потрошувачката се намали за 16 % минатата година. Со обновливите извори ние имаме намалено увоз на струја значително и од 30%. За 140% имаме раст за само десет месеци во споредба со минатата година, а неспоредливо е со пред 10 години кога практично и да немало обновливи извори на енергија, рече Николовски.

После 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартува со реализација најважниот енергетски проект, кој ниту една претходна влада не покажа капацитет да го реализра – тоа е хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра. Државата, идните герации, се сакаат со реализирање на овие важни проекти. Со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, ја зголемуваме енергетската независност на земјава и стабилноста на енергетскиот систем. Новиот енергетски капацитет од 333 Мега Вати задоволува целосно потреби на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја. Не само што ќе произведуваме, туку и ќе извезуваме струја, додаде Николовски во интервју за ТВ 21.

Tags: Дарио Николовскиевтина тарифаструја
Next Post

Тричковски за расистичкиот испад на Славески: „Црномурестите“ што бришат шофершајбни се милион пати подостоинствени луѓе од советниците и универзитетски професори

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk