Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски посетија 2 локации во Општина Кавадарци: објект „Сонце“ од ЈОУДГ „Рада Поцева“ инвестиција на Министерството за труд и социјална политика и реконструирана улица „Димката Ангелов Габерот“, инвестиција преку Министерството за транспорт и врски.
Министрите Тренчевска и Бочварски во објектот „Сонце“ од ЈОУДГ „Рада Поцева“ направија обиколка во градинката и проследија дел од активностите кои беа изведувани од страна на децата од градинката.
Тренчевска во својата изјава за медиумите по посетата во градинката ги истакна досегашните инвестиции на Министерството за труд и социјална политика во Општина Кавадарци.
„Само во Општина Кавадарци од 2017 година до сега отворивме 5 нови објекти со што обезбедивме места во градинката за вкупно 363 деца. Владата преку капиталните инвестиции на Министерството за труд и социјална политика инвестираше само во Општина Кавадарци за градежни активности и опрема во детските градинки вкупно 1,049,863 евра. Денес утрото го поминавме во објектот „Сонце“ од детската градинка „Рада Поцева“ кој има капацитет за 140 деца. Овој модерен објект со современа опрема е инвестиција на Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјалните услуги финансиран од Светска Банка. За овој објект издвоивме 50.219.379 денари за градежни активности и 8.515.702 денари за набавка, испорака и монтажа на опрема“, рече Тренчевска.
Министерот Бочварски заедно со Тренчевска направија и увид на реконструирана улица „Димката Ангелов Габерот“, инвестиција преку Министерството за транспорт и врски.
При посетата на Кавадарци, министерот Бочварски потенцираше дека граѓаните на Кавадарци добиваат квалитетни проекти со кои се подигнува квалитетот на живот, подобри патишта и развој на локалната економија.
„Преку Министерството за транспорт и врски инвестираме 1,1 милион евра само за подобрување на локалните улици и до сега ги реконструиравме: ул. Дисанска, Западен Булевар, ул. Илинденска, ул. Пионерска, ул. Браќа Џунови, ул. Димката Ангелов Габерот на која што се наоѓаме денеска.
Понатаму, улицата Слога, улица Вељко Влаховиќ и улица Максим Горки.
Од тука сакам да најавам дека следната година ќе ги реконструираме и улиците Ѓорѓи Соколов и улицата 25 Мај, за кои постапките во Министерството за веќе започнати.
Исто така инвестиравме 2,5 милиони евра во делот на комуналната инфраструктура на 11 улици.
А тоа што е најважно е со силна динамика работиме на изградба на експресниот пат од Градско кон Прилеп, како директен бенефит за сите граѓаните од Кавадарци и од регионот”, изјави министерот Бочварски.
На посетата на инвестициите беа присутни и пратениците Даниела Колева и Панчо Минов.