Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече исклучително важен споменот на Големиот глад, во кој загинаа милиони Украинци во 1932 и 1933 година, а швајцарскиот претседател Ален Берсет оддаде почит на споменикот за време на неговата посета на Кијив и вети долгорочна поддршка за Украина.
Украина денеска го одбележа споменот на жртвите на Гладоморот (Холодомор), што значи убиство од глад, катастрофа извршена за време на Советскиот Сојуз (СССР) со кој доминираше Русија.
„Се обидоа да не истребат, потчинат и измачуваат, но не успеаја. Сакаа да ја скријат вистината од нас и засекогаш да ги премолчат страшните злосторства, но не успеаја“, изјави Зеленски во говорот во кој тој потсети на периодот на Големиот глад кога на чело на СССР беше советскиот лидер Јосиф Сталин.
Дури и денес, со најголема тага и почит се сеќаваме на милиони наши луѓе“, додаде Зеленски, кој ја поврза масовната глад на населението во тоа време и сегашната руска инвазија на Украина, која вклучува редовни напади врз инфраструктурата и житарките кои продолжуваат да се извезуваат.
„Ова е процес во кој може да се изедначат тоталитарната советска политика и модерната руска политика. Затоа што злото не е запрено и не е простено. Ние се обидуваме да го запреме денеска, заклучи Зеленски.
Г. Т.