ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

„Лесја Украинка“ со реакција за учеството на Лавров на Министерскиот совет на Нато во Скопје

November 28, 2023 16:50
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, по најавата дека на Министерскиот совет на НАТО ќе учествува и министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, преку соопштение го изрази својот протест против оваа одлука.

Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“изразува решителен протест во врска со најавената посета на земјата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој планира да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Иако од Владата тврдат дека доаѓањето на Сергеј Лавров во Скопје нема да значи неговото доаѓање во билатерална посета на Македонија, туку во земја домаќин на ОБСЕ, сепак сметаме дека во кое својство и да доаѓа шефот на надворешно политичка институција на Русија, најважно дека тој ја води институцијата на една терористичка земја која веќе скоро 2 години секојдневно уништува мирни населени места и врши геноцид на украинското население. Кај нас предизвикува револт самото негово доаѓање во Македонија каде ќе се поздравува со неговите раце до лакти замачкани во крв на илјадници невини Украинци со негови колеги од европските земји. И кога, како што велат од Владата, „станува збор за организацијата, за иднината на ОБСЕ и се очекува секој да се издигне над националната позиција и да ја заштити организацијата која што е важна“, ние сакаме да нагласиме дека токму во тоа е суштина на опстојување на организацијата – имено такви членки како што е Руската Федерација ја доведуваат во прашање углед и иднината на организацијата!

Сакаме да нагласиме дека ние високо ја цениме досегашната помош и поддршка на Украина од страна на Македонија на секое поле, но за нас не ни е разбирлив и не е прифатлив аргумент дека владината одлука за прием на Сергеј Лавров е диктирана со тоа што Македонија претседавач на ОСБЕ и „треба да се направат разлики направиме меѓу билатералниот и мултилатералниот карактер на посетата, а Скопје е само местото каде ОСБЕ е овој пат“, а одлуката на Македонската Влада е донесена според одлуката на ЕУ по однос на санкциите кон Русија: „со исклучок на настани поврзани со ОБСЕ, со други меѓународни организации“.

Затоа уште еднаш изјавуваме решителен протест против таквата владина одлука за прием на својата територија меѓународен злосторник, на којшто вистинското место му е во Хаг, а не на иста маса со почитувани шефови на надворешнополитички институции на цивилизирани земји!

Очекуваме дека секој нормален граѓанин на Македонија ќе го поддржи нашиот став и револт, се наведува во соопштението на „Лесја Украинка“.

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk