Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира серија панел дискусии, на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?
Денеска учесници на панелот се новинарот Зоран Иванов и активистот и претседател на „Одбор за здрав живот“, Кочани, Зоран Тодоров.
Како што известуваат од Зелен Цивил, фокусот на денешната панел дискусија ќе биде насочен кон колку всушност е реална зелената агенда на Северна Македонија, дали се поседува институционално и системско знаење што претставува Зелената агенда, кои се перспективите, а кои предизвиците во нејзино спроведување, колку зелените прашања и агенди заземаат простор во медиумите и од кој аспект, каков е односот или соработката меѓу медиумите и иниституциите или главните чинители одговорни за зелената агенда во било кој нејзин сегмент.