ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Започна процесот за реализација на првата логистичко-дистрибутивна платформа во државата

November 29, 2023 15:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред само неколку недели го потпишавме договорот и веќе започна процесот за реализација на првата логистичко-дистрибутивна платформа во државата – стратешка инвестиција што е предвидено да се простира на околу  30.000 квадратни метри и да процесуира околу 46.000 тони на овошје и зеленчук, инвестиција од околу 19 милиони евра. Оваа платформа не е само капитален градежен проект, туку симбол за промени и посветла иднина во навиките во земјоделскиот сектор и во стандардите што треба да ги воспоставиме, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Средствата за изградбата на платформата се обезбедени преку Проектот за модернизација на земјоделството, финансиран со заем од Светска банка во износ од 46 милиони евра и со грант од ЕУ преку ИПА програмите во износ од 4 милиони евра. Со нив е предвидена и изградба на уште два откупни центри во Струмица и во Ресен.

-Изградбата на оваа платформа ќе даде поголема сигурност и на едно место ќе ги поврзе сите земјоделци, нудејќи им преку оваа платформа можност за пласман на нови пазари на сите нивни домашни македонски земјоделски производи.  На потрошувачите, пак, ќе им понуди безбедни и висококвалитетни производи, јакнејќи ја се повеќе безбедноста на храната и хигиенските услови.  Со изградбата се отвораат и нови работни места кои пред се би биле за овој дел од градот. Исто така, ќе помогне и во формализирањето на пазарите и ќе даде позитивно влијание врз животната средина, изјави Николовски по обиколката на локацијата во општина Гази Баба на која ќе се гради логистичко-дистрибутивната платформа.

Нејзината изградба, како што кажа, ќе овозможи организирање и унапредување во снабдувањето со безбедни свежи прехранбени производи, поедноставен пристап до пазарот за локална свежа храна, како и логистички и други услуги за земјоделско-прехранбениот сектор за домашниот и меѓународниот пазар.

-Како што ќе напредува низ своите фази оваа платформа ветува дека ќе го трансформира и земјоделството во поконкурено, одржливо и економски попросперитетно. Од логистичко-дистрибутивната платформа се очекува да се вклучи пазарот на големо, да биде логистичка област со капацитети за суви и ладни складишта. Воедно дава можности за подобро организиран извоз на македонските земјоделски производи, посочи Николовски.

Нагласи дека  договорот што е потпишан со избраното консултантско партнерство е поделен во неколку фази. Првата фаза се фокусира на избор на соодветна локација на урбанистичко планирање, физибилити студија, стратешки бизнис план, проценки на влијанието на животната средина и социјалните аспекти, како и прирачник којшто ќе ги содржи операциите за платформата.  Втората фаза вклучува подготовка на главен проект и финализирање на планот за управување со животната средина и социјалните аспекти.

-Оваа фаза ќе го отвори и патот за добивање на потребните градежни дозволи, обезбедувајќи усогласеност со националното законодавството и со стандардите на ФИДИК. И еве денес токму од овде во Скопје, во општина Гази Баба каде што е предвидена изградбата на оваа капитална и значајна инвестиција започнува реализирањето токму на првата фаза од овој договор, рече Николовски и најави дека наскоро ќе бидат потпишани и договорите за изградба на откупните центри во Струмица и во Ресен.

Трите капитални значајни проекти и инвестиции, додаде, на нашите земјоделци ќе им дадат сигурност, подобро организиран и гарантиран пласман и пазар за нашето домашно локално македонско производство.

Tags: логистичко дистрибутивна платформаНиколовски
Next Post

Објавен конкурс за програмата Еразмус+ за 2024 година

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk