Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи Паралелна конференција за граѓанско општество што го одбележува крајот на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ.
Министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи ќе се обрати во 18 часот на завршната сесија посветена на Декларацијата која претставува официјален документ и патоказ за понатамошна соработка меѓу ОБСЕ и граѓанските организации со конкретни заложби и насоки за нивно спроведување.
Покрај министерот Османи, на конференцијата ќе се обратат и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, генералниот секретар Матео Мекачи, директорката на ОБСЕ/ОДИХР, Тереза Рибеиро, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Каират Абдракхманов и високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Маргарета Цедерфелт.