Премиерот Димитар Ковачевски преку објава на Фејсбук му посака топло добредојде во Скопје на американскиот државен секретар Антони Блинкен.
„На средбата попладнево уште еднаш ги истакнавме нашите одлични односи и разговаравме за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ и спроведувањето на потребните реформи. Република Северна Македонија е високо ценета како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан“, вели Ковачевски.
Тој заклучи дека Државниот секретар го поздравил нашето успешно претседавање со ОБСЕ и конструктивниот пристап во реализацијата на агендата и адресирањето на предизвиците со кои се соочува Организацијата.