ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ нема да присуствува на настаните на самитот на ОБСЕ во знак на протест против руската геноцидна агресија и учеството на високиот претставник на државата-терорист

November 30, 2023 09:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Невладината ЦИВИЛ, реагира на посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Самитот на ОБСЕ во Скопје и истакнува дека ЦИВИЛ нема да присуствува на настаните на самитот на ОБСЕ во знак на протест против руската геноцидна агресија и учеството на високиот претставник на државата-терорист.

„На еден од највисоките функционери на мрачниот режим со седиште во Кремљ, кој води геноцидна војна против соседна држава, независна и суверена Украина, му беше дозволено да дојде во главниот град на Северна Македонија за да учествува на самитот на ОБСЕ. ЦИВИЛ изразува најостар протест против доаѓањето на министерот за надворешни работи на руската федерација, Сергеј Лавров и му порачува дека НЕ Е ДОБРЕДОЈДЕН!

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, секогаш е на страната на правдата и слободата и се бори против сите форми на агресија, угнетување и кршење на човековите права и слободи.

Поаѓајќи од принципите на почитување на човековите права и слободи, демократијата, правдата, слободата и човековото достоинство, ЦИВИЛ постојано ја изразува својата солидарност со украинскиот народ кој е жртва на руската геноцидна агресија.

Организацијата е на ставот дека одлуката да му се дозволи влез на блискиот соработник на воениот злосторник, Путин, е повеќе од погрешна. На овој начин, нашата земја стана прва членка на НАТО која му дозволи посета на претставникот на рускиот милитантен и злосторнички режим. Ја поздравуваме одлуката на министрите и делегациите на државите кои го откажаа своето учество во официјалната програма на самитот на ОБСЕ. Меѓу нив се британскиот и украинскиот министер за надворешни работи и американскиот државен секретар, како и целосното откажување на учеството на делегациите на Естонија, Летонија и Литванија.

Во знак на протест против руската геноцидна војна против Украина и хибридната војна против демократските земји во Европа и светот, раководството на ЦИВИЛ и членовите на здружената редакција на медиумската платформа на организацијата, донесоа одлука да го откажат своето присуство на сите настани на самитот на ОБСЕ, поради присуството на посочениот претставник на државата терорист.

Лавров НЕ Е ДОБРЕДОЈДЕН! Посета од претставник на рашистичкиот режим е прифатлива само како сведок на обвинителството за ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА И ГЕНОЦИД“, се наведува во реакцијата од ЦИВИЛ!

#UnitedWithUkraine

#StandWithUkraine

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЛавровОБСЕЦИВИЛ

НАЈНОВО

Одбиено обвинението против Максим Димитриевски, обвинителството се откажа од обвинението

July 3, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Ребалансот на буџетот: Луксуз и долгови – се земаат пари од граѓаните за да се покрие луксузот на Владата

July 3, 2025

Герасимовски: Во мојот мандат Центар доби целосна поддршка за урбаната велосипедска култура

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk