Една од најострите пораки што беа упатени денеска на адреса на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, беше токму од ЦИВИЛ. Организацијата упати остро соопштение за јавноста во кое кажа дека Лавров „не е добредојден“ во Северна Македонија. Лавров допатува во земјава за да учествува на самитот на ОБСЕ кој се одржува во Скопје.
Во соопштението, со сарказам се додава дека неговото доаѓање би било прифатливо единствено ако е во својство на сведок на обвинителството за воени злосторства и геноцид, кои земјата од каде што доаѓа Лавров ги спроведува во војната против Украина. Целото соопштение може да се прочита на овој ЛИНК.
Активистите на ЦИВИЛ креираа и визуелна порака на три јазици.
Извор: ЦИВИЛ Медиа