ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вредностите што ги рефлектира Македонија ја направија да биде важен играч на меѓународната сцена

December 2, 2023 10:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Уште за време на одржувањето на 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје беа искажани признанија за Република Северна Македонија за, како што беше оценето, огромната работа што ја направи земјата за време на едногодишното претседавање организацијата за безбедност и соработка во исклучително тешко време.

Настанот, како најголем и најзначаен меѓународно-политички настан организиран во земјата од независноста, ги собра шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ – САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија, како и од далечниот исток со присуството на дипломати од Јапонија и Јужна Кореа, само по себе е историски успех имајќи ги предвид околностите на меѓународната сцена со војната во Украина, со драматичните и трагични борбени дејствија во Газа/Израел и со тензичната поларизација меѓу западот и истокот.

И покрај сето тоа, во услови на сложени и влошени односи меѓу големите сили во светот, се покажа дека иако мала според територијата, за Република Северна Македонија воопшто не беше обесхрабрувачки за да биде важен играч на меѓународната сцена. Пресудно во преземањето на една таква улога, освен храброста да се прифати предизвикот, е дека Северна Македонија е земја која негува и рефлектира вредности коишто светот ги препознава и ја прифати да биде вклучена во обликувањето на прашањата од исклучителен интерес и на светско ниво. Таква приказна создаде Република Северна Македонија.

Една мала држава, од регион во фокусот претседаваше со најголемата регионална безбедносна организација во светот која се протега од Ванкувер до Владивосток со 1,3 милијарди жители, 57 земји учеснички.

До пред неколку дена беше невозможна мисија. Гледајте ги текстовите на меѓународните новински агенции, кои што зборуваа за пропаст на ОБСЕ, дека на ОБСЕ и се гледа крајот, дека нема шанси 57 земји членки, и САД и Русија да постигнат консензус за едно прашање. И Укриана и Русија. Никој не можеше да претпостави дека не само што ќе имаме консензус по однос на држава претседавач, туку ќе имаме и продолжување на мандатот на четворицата. Успеавме со истрајна политика, за што сакам да се заблагодарам на дипломатите во Министерството, изјави Османи.

Покрај изборот на новиот претседавач Малта, на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје е постигнат и првичен договор за продолжување на мандатот за девет месеци на генералниот секретар, на високите претставници за националните малцинства, слобода на медиуми и на Канцеларијата за демократски институции и човекови права.

Прашан како успеале Русија да се согласи на консензус за претседателството на Малта со Организацијата, Османи, рече, „без да бидам нескромен ‘со умешна демократија’“.

Секое потценување кон нашата дипломатија и потценувањето на нашата држава и нејзините капацитети, нагласи Османи, од денеска треба да престане и треба да се врати самодовербата во нас.

И навистина треба да биде така. Најавената стратегијата на Северна Македонија за време на претседавањето со најголемата регионална организација за безбедност и соработка на почетокот на мандатот е реализирана целосно. Освен фокусот врз кризните региони, а пред сѐ, воената агресија врз Украина, приоритетите како претседавач на ОБСЕ беа реафирмацијата на придобивките на оваа организација за безбедност и соработка и обновување на дијалогот и довербата, инвестирањето во мирот и отпорноста на ОБСЕ, како најдобар начин за справување со безбедносните предизвици.

Со овие остварувања Северна Македонија се афирмираше како активен чинител во генерирање на стабилност во поширок контекст.

Сите овие околности ја прават 2023 важна година за допопнителна меѓународна промоција на Република Северна Македонија. Зајакнатото меѓународно профилирање значи долгорочен влог во улогата што нашата земја може да ја позиционира како држава којашто активно учествува во разрешување на конфилктите, во намалување на тензиите, во обновување на довербата меѓу народите, сѐ со цел да се прифатат безбедноста и соработката како темел за просперитетна иднина на народите.

Извор: Рацин.мк

Next Post

Продолжуваат борбите во Газа, бројот на загинати се зголемува, сирени за тревога во јужен Израел

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk