Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски на маратонот во Валенсија, Шпанија, го собори македонскиот рекордот во маратон, известваат од официјалната Фејсбук страница на „Скопски Маратом“.
Новиот рекорд на Ивановски е со време 2 часа 11 минути и 53 секунди и претставува одлично време во светски рамки. Со ова постигнување Дарио го подобри стариот рекорд од 2 часа 18 минути и 12 секунди што исто така беше негово постигнување остварено во мај 2022 година на маратонот во Копенхаген.
Ова е историски ден за Македонската атлетика, коментираат од Скопскиот Маратон.
Ј. Ѓ.
.