ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Градоначалничката Арсовска не одговара на новинарски прашања, но сепак се заканува со тужби за новинари

December 3, 2023 20:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката Данела Арсовска не одговара на новинарски прашања, но сепак се заканува со тужби за новинари и се обидува да го наруши угледот на порталот Градска.мк користејќи речник кој не доликува на политичар кој ги застапува демократските вредности во едно општество.

Токму затоа ние како редакција задржувајќи го професионалниот новинарски однос би сакале да прашаме за кој дел од текстот се однесува поточно демантот на Арсовска.

Почитувана Градоначалничке,

Бидејќи вашето фејсбук писание повеќе личи на напад на медиумот Градска.мк во кој изнесувате невистини и сакате да му наштетите на угледот тврдејќи дека нема име и презиме, исто така си земате за право да оценувате што е градска редакција, а што се медиуми, би Ве поканиле да го отворите Импресумот, каде ќе ги најдете контактите кои верувам дека ги знаете бидејќи од почнувањето со работа на нашиот портал ниту еднаш не сте одговориле на нашите прашања што ја покажува нетранспарентноста на институцијата Град Скопје, а Вие и ние сме сервис на граѓаните.

Гледаме дека сте објавиле т.н демант, а не сте споделиле линк од текстот, ама затоа тенденциозно сте го посочиле само нашиот медиум, од кои причини не би знаеле, можеби овој начин е полесен отколку да дадете отчет за сработеното.

Би ве запрашале што поточно демантирате? Зошто се заканувате со тужба само на Градска.мк и тоа за пренесен текст?

Бидејќи сега ни е повеќе од јасно дека читате Градска.мк имаме неколку прашања за Вас:

-Зошто не потпишувате за Универзлана сала иако рековте дека ќе ја предадете на Министерството за култура?
– До каде е прочистителаната станица за отпадни води во Скопје?
– Што ќе преземете за загадениот воздух?
-Како ќе го решите проблемот со ЈСП, нередовниот превоз, лошата состојба на претпријатитето?
-Зошто менувате директори толку често, а дел од нив имаат и менаџерски договори за кои граѓаните плаќаат и кога вие ќе ги смените?
– Во претпријатието „Водовод и канализација“ владее хаос, во „Комунална хигиена“ исто така, зошто ја сменивте Мазнева која беше голем борец за претпријатието според вас и одеднаш стана неспособна?
-Како ќе го решите сообраќајниот хаос?
-Што се случува со мостот Беласица?
– Кога ќе го реконструирате мостот „Обединети нации“?

Но ајде да ги провериме и точките од вашиот демант:

1. Најавивте пет нови мега паркови: Во Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба,Чаир и Кисела Вода
https://faktor.mk/danela-arsovska-najavuva-izgradba-na-pet-novi-mega-parkovi

Освен тој во Ново село што е до некаде готов, според официјалните ваши објави тој во Аеродром не е довршен бидејќи според вашиот проект и вашите објави требаше да биде заедно со фудбалски стадион
https://vecer.mk/makedonija/kje-se-gradi-nov-stadion-vo-aerodrom
Во општина Чаир мега паркот е само почнат

2.Ветивте бесплатен јавен превоз за сите до 2024 година!

Во вашиот т.н демант се повикувате на проект за бесплатен превоз за одредени групи граѓани, пензионери, ученици, студенти што е воведен уште пред повеќе од 10 години, ама не одговарате зошто уште нема бесплатен превоз за сите.

3.Најавивте 5 нови булевари кои ќе го решат сообраќајниот хаос
https://skopjeinfo.mk/arsovska-vo-programata-za-moderno-skopje-se-sodrzhani-proekti-za-izgradba-na-5-bulevari

-Затоа кај мене во програмата има 5 булевари кои ќе го сторат токму тоа во следниот период, и тоа почнувајќи со булеварот Хрватска од Бутел до Автокоманда, булеварот Словенија неговопродолжување до Ѓорче Петров и со ова практично со овие два булевари ќе се дооформи онаа внатрешна, ако може така да се каже обиколница, по кој ќе се растерети и голем дел од сообраќајот во овој дел од градот. Метрополит Теодосиј Гологанов од Гоце Делчев студентскиот дом, до местото каде што се спојува со булеварот Ѓорче Петров ќе има негово проширување во четири ленти, и тоа ќе биде една функционална делница тука каде што нема да има застој, како што има секој ден. Борис Трајковски до Драчево четири години стои во место, сега има толку многу големи гужви и како што напоменавте сообраќајки таму што навистина е штета. И последно подземната сообраќајница со кружници кај Нова Македонија и кај Рампа ќе биде поврзано. Да не заборавиме дека ќе има и едно ново практично булеварско решение почнувајќи од сега новиот мол кој што ќе се движи до натпатникот кај Старата скопска чаршија којшто ќе овозможи растеретување на сообраќајот на овој дел од градот, посочи Арсовска.

1. Во демантот не го спомнувате булеварот Хрватска до Автокоманда
2. Не го споменувате ниту продолжувањето на бул Словенија до Ѓорче Петров
3.Не е готов ниту булеварот Борис Трајковски
4. Ги нема кружните текови кај Нова Македонија и Рампа
5. Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов нема четири ленти
6 А да не го заборавиме и ветувањето за ново решени за натпатникот кај Стара скопска чаршија

Околу Луна паркот, не би знаеле што не е вистина во текстот дека ништо не е отпочнато со градба, кога навистина не е
Вие Ветивте изградба во вашата програма „Модерно Скопје“

Исто така не сте набавиле нови 250 еко автобуси, не би знаеле што точно демантирате.

Зелениот спортски кеј не е проектиран ниту е изграден, ниту пак има најава дека ќе се гради.

За 82 дена ветивте дека ќе ја ревидирате проценката на данок на имот

Арсовска: За првите 82 дена во Скопје ќе спроведам 15 проекти

Сепак вие самите се пожаливте дека не можете да направите наплата бидејќи немате податоци, како сте извршиле ревизија?

Извор: Градска.мк

Next Post

Петровска: Лицата co попреченост ќе се вработуваат во Министерството за одбрана без јавен оглас

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk