ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Изгорена од жарот на сопствената пропаганда

December 3, 2023 16:11
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: МИРОСЛАВ ЈОВАНОВИЌ / СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

По повод објавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на Телеграм во која го обвини „Слободен печат“ дека нема храброст да зборува за бескрупулозноста на американските манипулации, но, како што вели, имаше храброст да објави наслов „Сите се против Лавров“

Народите на Балканот по правило биле „претплатени“ (и таа претплата сѐ уште трае) на интензивен курс по историја и општество, каде како една од главните придобивки се јавува изреката дека на народот не можете да му „продадете рог за свеќа“. Дури и привремената успешност на таа операција низ историски периоди не ја поништува суштината на изреката и финалниот исход.

Во време на поствистината,  која, за жал, секојдневно  и незадржливо надоаѓа кон нашите умови и мисли како брз, забрефтан воз,  притоа уништувајќи ги границите помеѓу вистината и нејзиниот пра непријател – шпекулацијата, Вашиот коментар за насловната страна на „Слободен печат“ (ни правите особена чест) ме потсети на една од мноштвото познати изјави на  Оскар Вајлд која гласи: „Има само едно нешто на светот полошо од тоа да бидете озборувани, а тоа е да не бидете озборувани“.

За да им биде појасно на нашите читатели, на прес конференцијата по повод самитот на ОБСЕ во Скопје  – г-ѓо Захарова напишавте на „Телеграм“, цитираме : „Што е лажно? Практична анализа. Првиот македонски весник (се мисли на „Слободен печат“) објавува фотографија која е направена ПРЕД состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ. Не е официјално, бидејќи средбата беше отворена дури следниот ден. Но, весникот немаше храброст да зборува за ова и да зборува за бескрупулозноста на американските манипулации, чија пропагандна цел беше да демонстрира антируски жар. Но, тие имаа храброст да објават наслов дека ‘Сите се против Лавров‘“.

За волја на вистината, ме ставивте во мисла; се прашувам, дали во извршувањето на своите должности министрите за надворешни работи и владини претставници на приближно 60 земји членки на ОБСЕ – ПРЕД официјалното започнување на состанокот на организацијата и последователно објавување на фотографијата на „Слободен печат“  – ги „ставија на пауза“ своите овластувања, должности и државнички обврски сѐ до официјалниот почеток на состанокот, или чекаа да се разбудат на денот на официјалниот почеток на конференцијата, за да се потсетат на сѐ она поради што се во Скопје? Толку за фотографијата  и коментарот „пред“ и „по“… За наша среќа, за изречен збор во јавност, критика или теза против власта или центрите на моќ, во нашата земја и општество не е потребна „храброст“,  туку журналистички професионализам и почитување на фактите, секако не под закана од долгогодишна затворска казна. Факт е дека на самитот на ОБСЕ, Вашиот министер за надворешни работи беше повеќе од игнориран од присутните министри од други земји членки на ОБСЕ (чест на неколку исклучоци, за да се потврди правилото); тој факт ја „заслужи“ насловната страна на нашиот медиум. Поистоветувањето на политиката која ја застапувате  – со руската нација, вис а вис „анти рускиот жар“ и слични наративи е гротескно; дозволете да Ве потсетам; Достојевски, Пушкин, Рахмањинов, Менделеев, Мусоргски (последниов, една од улиците во Скопје го носи неговото име) и други,  се подеднакво наши колку се и Вaши. Тие му припаѓаат на светот и тоа не по Ваша заслуга или дозвола. Големата руска нација постоела пред Вас и ќе продолжи да постои по Вас.

Нашата заедничка куќа Македонија, не по наша вина, е изградена на балкански крстопат; понекогаш патникот намерник или гостин ќе ви донесе јаболко како подарок, убав збор, некогаш ќе ви ја разниша или искрши оградата околу куќата, некогаш ќе ве пофали за домаќинлак, а некогаш ќе ве навреди со најпогрдни зборови или ќе изврши насилен грабеж на сето свето од вашиот дом, а често се случувало она најлоштото, со пушка да ви влезе во дворот и да ви го десеткува семејството. Последново посебно го згрозува секој нормален човек; не постои наратив во светот или спин кој ќе оправда општествена девастација на соседна земја, вооружена агресија, погром. Многу едноставно. Сепак, можете Вие подобро.

Tags: ЗахароваЛавровМирослав Јовановиќ
Next Post

ЈО: Предложен 48 часовен притвор за тројца приведени поврзани со исчезнатата 14-годишна Вања

Shortcut

Најново

New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk