ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Всевиов од Талин: Присуството на Лавров не обезбеди никакви придобивки, не сакавме да учествуваме во таков циркус

December 4, 2023 21:42
in PMD, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Во рамки на програмата „ Seeing is Believing“ за градење на јавното разбирање за НАТО и отпорноста на Балканот, група новинари од Северна Македонија и Црна Гора престојуваат во Талин, Естонија, каде денес го посетија Министерството за надворешни работи на Естонија и се сретнаа со Генералниот секретар на  Министерството, Јoнатан Всевиов, со кого разговараа на повеќе теми.

Откако Всевиов ги запозна присутните со историјатот на заградата во која е сместено министерството, која предходно била седиште на советските окупаторски власти во Естонија, тој се задржа на придобивките од членстото на неговата земја во НАТО и ЕУ, и истакна дека докажале дека ништо не е невозможно со зачленувањето на една мала земја, од околу 1 300 000 жители, без големи економски, воени и политички можности во НАТО и ЕУ во 2004 година, а од 2012 година и во останатите придружни сојузи.

Никогаш повеќе сами, нагласи Всевиов.

Тој исто така нагласи дека Талин ќе продолжи да го поддржува Кијив во одбраната од руската агресија, не само заради Украина, туку и дека дека победата во војната е од големо значење за Естонија и за целиот Запад.

Тој во одговор на новинарско прашање за доаѓањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, ги објасни причините за одлуката на Талин да не присуствува на Самитот на највисоко ниво.

Според генералниот секретар на естонското министерство за надворешни работи, присуството на Лавров  на Самитот воопшто не обезбедило никакви придобивки, ниту за функционирањето на ОБСЕ, ниту за безбедноста во Европа .

Имаше само забавен карактер. Ние не сакавме да учествуваме во таков циркус, истакна Всевиов.

Според него, ако по војната во Грузија и анексијата на Крим се уште беше можно набљудувачи да аргументтираат за одредени меѓусебни недоразнирања, сега веќе не може да се сокрие дека Русија, не само што ги прекршува, туку и ги напаѓа основните принципи на ОБСЕ, како што е, без преседан, уништувањето една земја членка, и опструирањето и блокадите ги сите одлуки, меѓу кои беше и блокирањето на естонската кандидатура за претседателството.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Next Post

ОН: Повеќе од 80 отсто од жителите на Газа се раселени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас

НАЈНОВО

Почина албанскиот новинар и аналитичар Жеји

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Дронови над Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025

Oдбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk