ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шукова од КОП28: Преку инструментот за зелено финансирање ќе се забрза енергетска транзиција

December 5, 2023 10:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МЖПП

Фото: МЖПП

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во рамки на КОП28, учествуваше на панел-дискусијата на високо ниво фокусирана на искуствата на четири земји-членки на ОН, Северна Македонија, Мадагаскар, Уругвај и Зимбабве за користење на средствата од Заедничкиот фонд за Целите за одржлив развој на ОН (UN Joint SDG Fund) со чија помош во овие држави се реализираат програми насочени кон одржливиот развој, известуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во своето обраќање министерката Шукова се осврна на Инструментот за зелено финансирање (GFF) кој се реализира со финансиска поддршка од Заедничкиот фонд за Целите за одржлив развој.

Инструментот за зелено финансирање придонесува за забрзување на напредокот на нашата земја за голем број цели за одржлив развој, особено „зелените“ цели, за прифатлива и чиста енергија, одржливи градови и климатски активности, како и целите за намалена нееднаквост, родова еднаквост и партнерства. Обезбедените 46 милиони долари преку овој Фонд, нема да ги покријат сите огромни финансиски потреби за забрзана зелена транзиција на нашата земја. Но, за нас тоа претставува важен модел на финансиски механизам бидејќи обезбедува остварлива алтернатива за да се стимулира субвенционирање, покажувајќи како преку партнерство со семејството на ОН, банкарскиот сектор во земјата и регионалните Макрофинансиски институции (MFI), можеме да го зголемиме нашиот досег и влијание, истакна Шукова.

Таа ја потенцира посветеноста на државата кон зелената транзиција и особено забрзаното воведување на обновливите извори на енергија и зголемената енергетска ефикасност.

Шукова објаснува дека Инструментот за зелено финансирање обезбедува зголемен пристап до средства за инвестиции во обновливи извори на енергија и во енергетска ефикасност кај малите и средните претпријатија и кај домаќинствата. Тоа, како што вели, ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови и на загадувањето на воздухот.

Во сесијата, панелисти беа и високи претставници од Мадагаскар, Уругвај и Зимбабве, како и владини претставници, претставници од заедницата на донатори, претставници од приватниот и финансискиот сектор и инвеститори.

Tags: зелено финансирањеКОП28Шукова
Next Post

Лавина дезинформации и обиди за политичка злоупотреба на случајот со монструозното убиство на 14-годишното девојче

Shortcut

Најново

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk