ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) „Полиграф“: Кои медиуми објавуваа дезинформации дека исчезнатата Вања е пронајдена жива во соседна држава?

December 5, 2023 12:32
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата недела, во фокусот на јавноста беа вестите и објавите за исчезнатото 14-годишно девојче во Скопје, меѓу кои имаше и многу дезинформации.

На 29.11.2023, неколку портали објавија наслови дека исчезнатата малолетничка била „пронајдена во соседна држава“.

„Курир“ објави наслов со име на девојката и дека „е пронајдена во соседна држава“ тврдејќи: „Неофицијално дознаваме дека … е пронајдена во една соседна држава“.

Потоа, порталот Курир објави друг наслов: „Неофицијално КУРИР дознава: … е пронајдена во соседна држава – МВР демантира (ОБНОВЕНО)“. На крај, Курир го смени уште еднаш насловот: „ОБНОВЕНА ВЕСТ: Не е точно дека … е пронајдена – демант од МВР“, со следново образложение: „Откако КУРИР повикувајќи се на свои извори од истрагата објави дека 14 годишната … е пронајдена жива и здрава во една соседна држава, од МВР се огласија со демант. За жал, информација засега се покажува како неточна, а МВР продолжува со активната потрага по девојчето“.

Во демантот на МВР на „дезинформациите објавени на порталот „Курир““ се вели дека станува збор за „комплетно лажна вест“, и покрај бројните апели и од страна на полицијата, и од страна на родителите на малолетничката „да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети на истрагата“.

МВР побара демантот да биде објавен веднаш, а невистинитиот текст да биде повлечен секаде каде што е објавен. Но, на 30.11.2023, не беа повлечени сите текстови од портали со лажната вест, а трагите од лажната вест останаа и во насловите на агрегаторите со вести.

За случајот на 29.11.2023 известија и проверувачите на факти од „Вистиномер“, во написот: „Не е вистина дека Вања Ѓорчевска била пронајдена во соседна држава“, укажувајќи дека „Со објавувањето на ваквата дезинформација се нанесува штета како на семејството на девојчето така и на целокупната истрага и довербата во институциите“.

По лажната вест, се огласија и ЗНМ и СЕММ, кои најостро го осудија начинот на кој одредени медиуми известуваа за случајот, со што на груб начин го кршат Кодексот на новинарите, пласирајќи неточни и непроверени информации, најчесто преземени од социјални мрежи. Тие укажаа дека „социјалните мрежи не може да бидат веродостоен извор на информации од кои новинари без да проверат ќе преземат содржини и од нив ќе пишуваат вести или наслови“, и дека „медиумите имаат обврска да ги проверат информациите пред да ги објават“.

Овие препораки ги слушаме со години, но, за жал, дел од медиумите не ги почитуваат. Затоа, публиката треба да внимава во вакви деликатни случаи, и да се потпира на медиуми што објавуваат информации кои се добро проверени и содржат веродостојни извори.

Преземено: СМК

 

Next Post

Тренчевска: Децата се безбедни, да не се создава паника

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk