ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хаџи Јанев: Нашите безбедносни служби професионално и експресно ја завршија својата работа за осомничените лица за убиството на Вања

December 7, 2023 15:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА

Нашите безбедносни служби професионално и експресно ја завршија својата работа кога станува збор лоцирање а потоа и лишување од слобода на инволвираните лица кои се сомничат за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Павле Жежовски од Велес. Дополнително појаснување за домашната јавност е и фактот што независно колку македонските институции се ефективни во испорачувањето на документацијата потребна за турските власти за испорачување на осомничениот Љупчо Палевски за сторените кривични дела во земјава, постојат меѓународни правни процедури кои мора да се испочитуваат и запазат – вели универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев при гостување во утринската емисија на „Слободен печат“.

Хаџи Јанев при разговорот во студиото објасни дека сепак екстрадицијата не е гарантирана во сите случаи а особено кога станува збор политичка позадина. Како што тврди професорот во случајот со убиството на малата Вања не станува збор за никаква политичка конотација и затоа не би требало да има големо одолговлекување на процедурата.

-Она што е можеби и најголема среќа во случајот и се однесува на побрзо задоволување на правдата е фактот што Македонија и Турција имаат потпишано билатерален договор за меѓусебна екстрадиција на лица обвинети за кривични дела што според мене навестува брзо испорачување на осомничениот Љупчо Палевски на домашните институции вели – Хаџи Јанев.

Познавачот на меѓународните односи посочува дека сега целата процедура се сведува на работата на турските институции и нивната проценка за гонетиот Палевски а тоа според Хаџи Јанев може да потрае еден месец но и повеќе.

-До сега она што е собрано од информации во предистражната и истражната постапка говори дека нема индикации за политичка вмешаност и поврзаност со осомничениот бегалец. Доколку се направи ретроспектива на бегалците од земјава кои се осудени правосилно во постапки а кои сè уште не се достапни за нашите правосудни орган како случајот со екс-премиерот Никола Груевски но и останатите, може да се увиди дека станува збор за тотално различни случаи кои се со дебела политичка вмешаност. Во тој контекст овде не очекувам да има никакво пролонгирање на испорачување на осомничениот од страна на турските власти освен ако не станува збор за некоја административна грешка направена ненамерно од наша страна со цел побрзо да се комплетира документацијата за испорака на бегалецот Палевски за која Турција би барала дополнителни информации– посочи професорот Хаџи Јанев.

Tags: безбедносни службиекстрадицијаМетоди Хаџи-ЈаневПалевскиТурција
Next Post

(ВИДЕО) Воената дописничка, Жанин ди Џовани: Воените злосторници треба да знаат, тука сме, документираме

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk