Таа група, според моите неофицијални информации, имала поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации, за изнуди. Списоци за заплашување, за киднапирања, вели професорката на Факултетот за безбедност, Фросина Ташевска Ременски, во разговор за Гласот на Америка.
Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало многу порано да се реагира, смета Ременски.
Според професорката можно е дека Палевски и неговата група имале и помонструзони планови.
„Тие имаат позната криминалистичко-безбедносна и полициска историја, и не биле лица, коишто не биле претходно безбедносно третирани. Кога велам „безбедносно третирани“, мислам дека тие лица, во минатото во многу случаи биле предмет на еден постојан, континуиран оперативен надзор заради превенирање на вакви, слични планови коишто можеби биле и многу помонструозни“, вели Ременски.
Ременски ги поврзува активностите на Палевски и неговите соработници со про-руски влијанија.
„Но, фактот дека секое спротивставување на нашите стратешки интереси, а тоа е членството во ЕУ, и претходно, во НАТО доаѓаат токму од тие про-руски структури, коишто го користеа тој нивен, голем македонизам за правење на, можеби, најголемите злосторства и кон граѓаните и кон државата со самото тоа што станавме реално гнездо на тие надворешни, странски, би кажала, највеќе руски влијанија. Од тука се влечат и логиките за неговата поврзаност токму со тие политички и условно кажано, патриотски структури коишто се крстат во мајка Русија“, вели професорката.
Повеќе за случајот во анализата на Љубомир Костовски:
Извор: Цивил Медиа