ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скринингот заврши, подготвени сме за отварање на кластерите и продолжување на реформите

December 7, 2023 22:05
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: СЕП

Фото: СЕП

За време на скринингот увидовме дека како држава имаме добро ниво на усогласеност на нашето законодавство со европското, но имплементацијата останува предизвик, порача државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ Дрита Абдиу-Халили во завршното обраќање на денешниот билатерален состанок за „Поглавјето 31 – “Надворешна, одбранбена и безбедносна политика“ од Кластерот 6, со чие затворање заврши скрининг процесот на земјава со ЕУ.

– За да ги постигнеме критериумите на ЕУ, потребно е интензивно да работиме во наредниот период, при отворањето на кластерите, затворањето на поглавјата, реформирањето и развојот на нашата земја, до полноправното членство во Унијата во 2030 година, порача Абдиу-Халили, која присуствуваше на состанокот заедно со вицепремиерот за европски прашање и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Таа посочи дека во однос на „Поглавјето 31“ сме сто проценти усогласени со законодавството на ЕУ, поради фактот дека сме земја членка на НАТО и затоа што континуирано работиме на усогласување на надворешната, одбранбената и безбедносната политика со таа на Унијата и Алијансата.

Според неа, како држава докажавме дека сме подготвени да ги продолжиме преговорите, да продолжиме со отворање на кластерите и да ја достигнеме нашата стратешка цел, полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Скрининг процесот започна на 15 септември 2022 и во негови рамки беа одржани објаснувачки и билатерални состаноци за сите 33 поглавја кои се поделени во шест кластери. Во овој период во Брисел беа одржани 850 презентации, на кои присуствува приближно 1000 претставници од 206 различни институции од земјава, како и 800 експерти од Европската комисија. За време на 15-те месеци, колку што траеше скрининг, од страна на Еврокомисијата беа презентирани над 4500 акти, мерки, регулативи и директиви.

Tags: ЕУскрининг
Next Post
Бојан Маричиќ

Маричиќ на брифинг со членовите на КОЕЛА во Брисел: Да ја искористиме уникатната шанса за проширувањето на ЕУ

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk