ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Злоупотребата на убиство на дете во политички цели е злостороство, ако се докаже дека ВМРО-ДПМНЕ манипилира треба да одговараат

December 7, 2023 14:35
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека целата држава се обединува во тагата за изгубените животи на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови со полна пареа се обидува политикански да се пресметува со политичките противници и да ја користи трагедијата за  продавање магла и освојување ситни политички поени.

Уште од понеделникот, ден по објавувањето на информациите за убиствата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ започна со невкусно политиканство и изнесување на дезинформации и шпекулации со цел да собираат политички поени. Ваквата кампања на опозициската партија продолжува и во текот на неделата, а последно и лидерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Шења изнесе низа тврдења кои покажуваат дека за доаѓање на власт, тој и партијата се подготвени на се.

Мицкоски во интервјуто изнесе низа празни обвинувања и наводна загриженост за истрагата, обидувајќи се да го политизира целиот случај. Дополнително, Мицкоски истакна и дека поседува информации за случајот, кој нема да ги објави сега. Таквите информации рече дека ќе бидат објавени во иднина, веројатно наговестувајќи дека политичката злоупотреба на оваа трагедија опозициската партија ќе продолжи и во предизборниот период.

Ваквата злоупотреба на убиство на 14-годишно дете за политички цели е злосторство еднакво на убиство, бидејќи во јавноста креира атмосфера на нелагодност и несигурност, нешто на што реагираат и самите граѓани.

Прес-конференциите и изјавите на опозициската партија во кои ја злоупотребуваат трагедијата се мета на остри напади од граѓаните, па дури и нивните симпатизери, кои сметаат дека е невкусно и грозно да се кориси оваа ситуација за политиканство. Граѓаните исто така забележуваат дека најголем дел од обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ им завршуваат со прашалници, свесни дека го користат немилиот настан за собирање евтини политички поени.

За политизирањето на целата ситуација, но и за отсуството на обзир на опозициската партија кон тагата со која се соочува целата држава, вчера критикуваше и лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски кој рече дека ова е најодвратниот дел од политиката. Тој рече дека наместо сите да тагуваме, ВМРО-ДПМНЕ политички се пресметува, но и подготвува за избори.

„Ова е време кога сите треба да тагуваме и сочувствуваме со жртвите. Ова е израз на политички простотилук, ништо повеќе од тоа. За жал, тој политички простотилук се обидува да ја води државата“ рече Јакимовски.

Сепак и покрај дезинформациите, продавањето на магла и шпекулациите кои се пласираат од ВМРО-ДПМНЕ, службите ги приведоа виновниците за грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, а во Турција е уапсен и главниот организатор и егзекутор на злосторствата.

Next Post

Ковачевски: До 1.200 денари за 15.000 студенти во новиот пакет антикризни мерки за поддршка на студентите и подобрување на нивниот стандард

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk