ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Митреска: Потребен е холистички пристап за финансирање на зелената транзиција, од државата, приватниот сектор и од меѓународните организации

December 8, 2023 16:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Зелената транзиција бара значителни инвестиции, а за да се обезбедат доволно финансиски средства за целните резултати, потребен е холистички пристап, преку вклученост на владите, на приватниот сектор и силна поддршка од меѓународните институции. Потребна е многу поголема вклученост на приватниот сектор во зелените инвестиции во земјите во развој, којашто според анализите на ММФ, треба да се зголеми од 40 отсто на 90 проценти до 2030 година, истакнала вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, на панел-дискусија на Втората регионална конференција еколошките и бизнис-лидерите, којашто се одржа во Србија.

Кај нас, како што посочила Митреска, учеството на зелените кредити во вкупните кредити на домашниот банкарски систем е удвоено во изминатите четири години, а билансите на корпоративниот сектор покажуваат дека има поголем простор за поддршка на зелената транзиција.

Вицегувернерката Митреска истакнала дека во светски рамки, јазот во потребите за финансирање на зелената транзиција е повеќе од 50 отсто, додека кај земјите во развој тој е уште поизразен. – Напорите на владите за намалување на јаглеродните емисии се суштински, но фискалниотте простор е ограничен. Оттаму, потребно е финансиските системи повеќе да се вклучат во мобилизирање на средствата за инвестиции во справување со климатските промени и зелената транзиција, посочила таа.

Притоа, како што соопштуваат од Народната банка, Митреска ги нагласила и зелените обврзници, како финансиски инструменти за мобилизација на средствата од приватниот сектор за финансирање на зелената транзиција, како и улогата на централните банки преку „зазеленување“ на нивното инвестициско портфолио, пренесе МИА.

Како многу важна алка во процесот на обезбедување финансии за зелената транзиција, вицегувернерката Митреска ги истакнала меѓународните организации коишто финансираат и поттикнуваат зелено финансирање кај нас.

Вицегувернерката го потенцирала и новиот План за раст на Западен Балкан, во кој постои критериум според кој 37 отсто од грантовите коишто ќе ги додели Европската Унија за поддршка на инвестициските проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) треба да бидат наменети за проекти за справување со климатските промени.

Регионалната конференција на еколошките и бизнис-лидерите е настан од висок профил, којшто ги обединува носителите на политиките, претставниците на меѓународните организации, експертите и претставниците на приватниот сектор од регионот и пошироко, во дебатата за водење одржливи политики, со акцент на екологијата и енергетиката. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: ДУИ одлучи, Талат Џафери Премиер од 28 јануари

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk