ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи во Женева: Потребни се напори за ревитализација на вредностите на Универзалната декларација за човекови права на ОН

December 11, 2023 15:43
in ДЕНЕС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Фото: ЦИВИЛ Медиа

Одбележувањето 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права на ОН, мора да послужи не само како потсетник за важноста, уникатноста и безвременската вредност на овој документ, туку и како нов поттик да ги зголемиме нашите напори во промовирањето и заштитата на човековите права, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи на настанот на високо ниво за Одбележување на 75 години од Универзалната декларација за човекови права на Обединетите Нации во Женева, соопшти МНР.

Како што се наведува во соопштението тој денеска во обраќањето пред високите владини претставници на земјите членки на ОН ги презентирал и заложбите на Северна Македонија во однос на човековите права и при тоа повикал да се направат напори преку постапките да се ревитализираат вредностите на Декларацијата.

-Мора да испратиме порака дека секој од нас треба повеќе да се ангажира за благородната кауза на човековите права, изјавил Османи.

Шефот на дипломатијата, во рамки на овој настан на високо ниво презентирал пет национални заложби во однос на човековите права за чија реализација Северна Македонија посветено работи. Меѓу нив се зголемување на довербата на јавноста во системот на управување преку унапредување на транспарентноста и отчетноста на Владата со усвојување и спроведување на нова Стратегија за транспарентност до 2026 година и забрзување на дигиталната трансформација за понатамошно подобрување на услугите фокусирани на луѓето и квалитетни услуги до 2027 година, со што ќе се зајакне отпорноста на сајбер заканите и ќе се работи на подигање на свеста за сајбер безбедноста.

-Справување со корупцијата и подобрување на интегритетот на систематски начин, како и зајакнување на меѓуинституционалната координација и размена меѓу различни владини институции, обвинителството и судството, трансформативна промена во животот на лицата со попреченост преку воспоставување политики и услуги за инклузивна попреченост, вработување и трансформирање на сите станбени институции во услуги засновани на заедницата и постигнување значајни и одржливи судски реформи преку спроведување на нова Стратегија за реформи во правосудството до 2027 година, изјавил Османи и истакнал дека наша цел е зајакнување на независноста, непристрасноста и интегритетот на судството, стои во соопштението.

Tags: 75 годинидекларација за човекови права на ОНЖеневаОсмани
Next Post

Вашингтон Пост: Израел за 45 дена од офанзивата во Газа фрлил 22.000 бомби

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk