ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Графички изменета фотографија манипулира дека на украинската униформа имало нацистички симбол

December 13, 2023 13:17
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фотографија на која се гледаат две лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета. Странски проверувачи на факти утврдиле дека амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од лево и додаден на фотографијата, пишува Вистиномер.

Tекстот го пренесуваме во целост:

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Иначе во Украина нема Нацисти, нели?

Потоа се споделува фотографија на која на англиски јазик пишува:

Хитлер би бил горд на Зеленски и неговите војници.

На фотографијата има две лица, прикажани како да се украински војници на чии униформи има  амблем на нацистички орел.

Нацистичкиот орел е симбол оригинално создаден од нацистичката партија во Германија во 1920-тите и претставувал симбол на германската влада, откако власта ја презеле нацистите. По Втората светска војна симболот бил присвоен од неонацисти во различни варијации. Симболот оригинално претставува орел кој држи свастика, но многу варијации ја заменуваат свастиката со некој друг симбол.

Оваа фотографија, споделена на Фејсбук, на која се гледаат двете лица на чии униформи има нацистички симбол, е графички изменета.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Стоп Феик  амблемот со украинското знаме е додаден со монтажа на униформатата на човекот од левата страна. А орелот, пак, на ракавот на мажот од десната страна, е копиран од униформата на мажот од лево и додаден на фотографијата

И проверувачите на факти на Фактчек.бг пишуваат дека со помош на алатката „ви верифај“ утврдиле дека фотографијата е технички манипулирана, односно амблемот со украинското знаме е додаден на униформата, а орелот на ракавот на човекот од десната страна е дупликат од истиот амблем на човекот што е лево и, исто така, додаден на униформата.

Алатката „ви верифај“ овозможува верификација на фотографии со користење на различни алгоритми. Алгоритмот „ghost“ компресира и процесира делови од фотографијата за да нагласи регии кои потекнуваат од различна фотографија. Белите, светло сините и зелените делови кореспондираат со можни траги од монтажа односно менување на фотографијата:

Вистиномер повеќепати пишуваше за обидите вината за воената инвазија на Русија врз Украина да се префрли на Украина поради наводната соработка на Киев со нацистичка Германија во Втората светска војна. Дури и со монтирана фотографија снимена во Русија се обвинуваше Украина дека е „нацистичка“.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која содржината е изменета (altered content).

Next Post
Hatem Ali/AP

Околу 10.000 новороденчиња и деца убиени во Газа, од кои стотици се заробени под урнатините

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk