„Пред повеќе од една година започна интензивната комуникација, проследена со неколку барања и писмо за намера до Градоначалничката на Град Скопје и конечно успеавме, после неколку месеци од донесувањето на Одлуката на Советот на Град Скопје, да постигнеме договор за пренесување на правото на реконструкција. Драго ми е што градската амдинистрација согледа дека сме спремни да ја направиме. Сакаме и ќе го вратиме сјајот на Универзална сала која беше културно собиралиште на Скопјани и симболот на светската солидарност кон Скопје. За три години од сега, па и порано очекувам дека ќе ја имаме готова Универзалната сала. По завршување на целата документација, Министерството за култура веднаш ќе започне со интензивна работа и активностите ќе започнат уште месецов, за напуштеното градилиште да не продолжи да пропаѓа пред очите на скопјани и да не претставува безбедносен ризик за нив. По реконструкцијата, оваа сала ја вракаме на Град Скопје.“ – рече министерката за култура и потпретседателка на СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска во „Студио 10’’ на ТВ 24.
Министерката рече дека фокусот и во наредната година е ставен на младите и нивното вклучување во проекти во културата, на македонскиот јазик и поддршката за културно информативни центри.